ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - НА ПЛАНИНА
ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Авионски патувања - Братислава и Виена - 24.10. - 26.10.2025.
Братислава и Виена - 24.10. - 26.10.2025.

Братислава ✈️ | TA Turist Bitola

Продолжениот викенд за 23-ти Октомври придружете ни се да ги посетиме двете престолнини на историската Австро-Унгарија.

Братислава порано била позната како Пресбург, градот има богата историја и бил крунисувачки град на австро-унгарските владетели. Во минатото бил под влијание на Келтите, Римјаните, Германите, Словените и Хабсбурзите.

Виена… била центар на Хабсбуршката монархија и главен град на Австро-Унгарското царство. Богата со барокна архитектура, дворци и историски згради. Дом на многу композитори, уметници и мислители од 18-ти и 19-ти век…..

 

Програма на патувањето:

 

ПРВ ДЕН (24.10.2025) Петок
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 14:30. Летот Скопје-Братислава е во 16:55. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.
 
 
ВТОР ДЕН (25.10.2025) Сабота
По појадокот, се упатуваме на целодневна посета на Виена, главниот град на Австрија. Започнуваме со разглед со локалниот водич, кој ќе не запознае со историјата, приказните, легендите и интригите на овој град. По разгледот, слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме назад кон Братислава. Во вечерните часови препорачуваме посета на локална таверна или пивница.
 
ТРЕТ ДЕН (26.10.2025) Недела
По појадокот во хотел, започнуваме со разглед на историскиот дел на Братислава со локален водич. Братислава е еден од најголемите главни градови кој се наоѓа на реката Дунав, тука ќе ги посетиме Михаеловата порта, градското собрание, универзитетската библиотека, како и сите позначајни објекти кои се наоѓаат токму во историскиот дел. По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 23:10. Пристигнување во Скопје во 00:40.
 
Цена на аранжманот: 369 по лице
Промо цена: 329 по лице
 
Во цената е вклучено:

2 ноќевања со појадок во хотел со 3*

Авионски билет Скопје-Братислава-Скопје со WIZZ AIR

Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20

Трансфер од аеродром до хотел и назад

Посета и разглед со локален водич на Виена

Посета и разглед на Братислава

Лиценциран придружник

 

Во цената не е вклучено:

Патничко осигурување

Туристичка такса

Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

 

Важно:

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Доплата за еднокреветна соба 90 евра

Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата.

 

Општи напомени:

Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;

Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;

За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;

Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.