На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ во кој располагаме со трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје и прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот.Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“има рецепција, сеф, снек бар, прекрасна тераса која можат да ја користат сите гости на хотелот, а во хотелот има можност за појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа „Voulitsa“ која уштена првата средба ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа „Komitsa“, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.
Напомена: Во студијата можат да се сместат најмногу 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија не е дозволено да се сместуваат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.