ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - ШПАНИЈА
Nea Flogita - Vila Litca 2
Vila Litca 2

Вила ,,LITCA-2'' е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел ''Corfu'', околу 7метри од плажа. Вилата располага со ниско приземје,високо приземје, прв кат и втор кат.

Користење на клима уредот е вклучено во цена.

Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ.

GPS координати 40.258373, 23.214267

 

За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември

За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември

Уплата 50% веднаш и 50% - 14 дена пред поаѓање

 

Цени за термини за наем на апартмани/студија

1/4Апартман

Термини

Бр.ноќевања

1/3

Студио

1/4

Апартман

1/5

Апартман

приземје

1/6

Дуплекс

приземје

24.05.2025

7

140 промо

160 промо

160 промо

190 промо

31.05.2025

7

199

210

210

249

07.06.2025

7

299

330

330

349

14.06.2025

7

380

420

430

480

21.06.2025

7

420

470

480

580

28.06.2025

7

470

530

540

640

05.07.2025

7

500

630

640

740

12.07.2025

7

530

690

700

800

19.07.2024

7

530

690

700

800

26.07.2025

7

560

710

720

820

02.08.2025

7

560

710

720

820

09.08.2025

7

560

690

700

800

16.08.2025

7

540

690

700

800

23.08.2025

7

480

620

630

650

30.08.2025

7

460

520

530

590

06.09.2025

7

349

420

430

510

13.09.2025

7

250

320

330

400

20.09.2025

7

160

190

190

220



  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари,

    по курс 1 евро = 62 денари.

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

    • За возрасни 2.790 мкд. (45евра)

    • За деца до 12 години 2170 мкд. (35 евра)

      Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

АПП БР 1 - Високо приземје. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната одделена со шанк - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

АПП бр.2 - На прв кат. Располага со 2 простории.Спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната одделена со шанк - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

АПП бр.3 - На втор спрат. Располага со 2 простории. Спална со 2 единечни кревети и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

СТУДИО бр.4 - На втор спрат. Соба со еден дупли кревет и еден единечен кревет во истата просторија е кујната, купатило, балкон, ТВ и клима .

СТУДИО бр.5  - На втор спрат. Соба со еден дупли кревет и еден единечен кревет во истата просторија е  кујната, купатило, балкон (поглед на улица) , ТВ и клима .

ДУПЛЕКС бр.6 - Ниско приземје Располага со 3 простории: дневна соба и две спални соби. Во дневната соба се наоѓа кујна ( опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), два единечни кревети и софа на расклопување, истата излегува во двор кој има поглед на улица. Во едната спална има два единечни кревет и истата излегува во задниот двор додека втората спална соба има брачен кревет, купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

АПП бр.7 - Ниско приземје. Располага со 2 простории. Дневна соба со два единечни кревети и софа на расклопување и во истата просторија е кујната одделена со шанк ( опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), истата излегува во двор кој има поглед на улица. Спална соба со брачен кревет и излегува во задниот двор, купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Услови под кои важи аранжманот:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата

  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

    За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

                                                 За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ