ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Nea Flogita - Vila Katerina Lux
Vila Katerina Lux

Вила ,,Katerina Lux'' е лоцирана во центарот на Неа Флогита, во близина на вилите ''Maria'' и ''Corfu''веднаш позади најголемата слаткарница ,,SWEET BEACH'' на околу 70 м. од плажа. Вилата располага со два 1/6 дуплекси (дневен престој, две оделени спални соби, во првата француски лежај во втората два одделни кревети, комплетно опремена кујна, WC и голема тeраса). Користење на клима уредот е вклучено во цената.

Туристичка такса се плаќа во вилата – 4 евра од ноќ.

За резервација до 31.12.2024 – 10% на термините во мај, јуни и септември

За резервација до 31.01.2025 – 5% на термините со мај, јуни и септември

 

Уплата 50% веднаш и 50% - 14 дена пред поаѓање 

 

Цени за наем на дуплекс

Термини

Бр. ноќевања

1/6 ДУПЛЕКС

24.05.2025

7

199

31.05.2025

7

299

07.06.2025

7

450

14.06.2025

7

550

21.06.2025

7

600

28.06.2025

7

690

05.07.2025

7

780

12.07.2025

7

850

19.07.2024

7

850

26.07.2025

7

890

02.08.2025

7

890

09.08.2025

7

850

16.08.2025

7

850

23.08.2025

7

780

30.08.2025

7

650

06.09.2025

7

580

13.09.2025

7

450

20.09.2025

7

250

 

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

     

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 2.790 мкд. (45евра)

  • За деца до 12 години 2170 мкд. (35 евра)

  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

     

Услови под кои важи аранжманот

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата

  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

     

  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

     

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ