ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Nea Flogita - Vila Maria
Vila Maria

Вила ''Maria '' е лоцирана во центарот на Неа Флогита, 50 метри од плажа, во близина на хотел ''Corfu''. Вилата располага со четири-креветен апартман (спална соба со два единечни кревети од која се излегува на тeраса, WC, кујна и дневен престој каде што можат да се сместат уште двајца, дневниот престој излегува на тeраса и има lcd-tv со тотал TV). Користење на клима уредот е вклучено во цената.

Туристичката такса се плаќа во агенцијата – 2 евра од ноќ.

 

За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември

За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември

Уплата 50% веднаш и 50% - 14 дена пред поаѓање

 

Цени за наем на апартман

Термини

Бр. ноќевања

1/4 Апартман

24.05.2025

7

160 промо

31.05.2025

7

220

07.06.2025

7

340

14.06.2025

7

430

21.06.2025

7

480

28.06.2025

7

540

05.07.2025

7

640

12.07.2025

7

700

19.07.2024

7

700

26.07.2025

7

710

02.08.2025

7

710

09.08.2025

7

700

16.08.2025

7

700

23.08.2025

7

630

30.08.2025

7

530

06.09.2025

7

430

13.09.2025

7

320

20.09.2025

7

190

 

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 2.790 мкд. (45евра)

  • За деца до 12 години 2170 мкд. (35 евра)

  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

Услови под кои важи аранжманот:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

    За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ