Монументален комплекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бела вулканска пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток... Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската... Доживејте ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината... и бидете подготвени да видите “ чуда невидени “
Термин: 06 МАРТ 2025
01 ден: СКОПЈЕ – СОЛЕНО ЕЗЕРО - КАПАДОКИЈА: Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 08.30 и поаѓање во 09.00 ч. Се патува преку граничниот премин Богородица, покрај Солун, Кавала, гр. премин Ипсала, покрај Текирдак, Истанбул, Анкара. За време на возењето, нашиот водич ќе ве запознае со програмата. Ноќно возење.
02 ден: СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU) - ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА: Се возиме низ централна Анадолија кон Кападокија со утринска пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро... По одморот, продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија, со 2-часовна попатна посета на трговскиот центар Форум во Невшехир. Пристигнување во пладневните часови. Сместување во одбран хотел ( после 14ч.) и краток одмор. Попладне предлагаме прошетка на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe (влезница 10 ТЛ), првите „самовилини оџаци„ улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме. Ноќевање.
03 - 5 ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА : Престој на база ноќевање со појадок. За сите денови се предвидени прекрасни факултативни излети и атракции. Распоредот на истите ќе биде во зависност од бројот на пријавени патници. Има можност сите излети да се реализираат со помош на умешноста на нашиот водич и нашиот преставник во Кападокија.
05 ден 26.10.2024 : ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА – СКОПЈЕ Појадок. Го сместуваме багажот во автобус. Магијата на Кападокија продолжува до 19:00 часот. Полни со впечатоци, околу 19:00 поаѓаме кон Македонија Патувањето го продолжуваме покрај Анкара, Истанбул, Текирдаг, гр.премин Ипсала, покрај Кавала, Солун, гр.премин Богородица, со попатни паузи. Ноќно возење.
06 Ден : СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во попладневните/вечерните часови.
За време на престојот во Гореме – Кападокија, предвидовме бројни магични, возбудливи излети и доживувања кои никако не треба да се испуштат.
ЛЕТ СО БАЛОН: од долините пред „Музејот на отворено-Гореме„ во мугрите, пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа авантура никогаш нема да ја заборавите... уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печката што го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига 700 -1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел. *Секако и патниците што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).
МАГИЧНА КАПАДОКИЈА: Почнуваме со панорамски поглед од највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме...
Долината на гулабите – Поглед на долина која е големо живеалиште на гулабите.
Посета на фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил за Хурем Султан. Потоа го посетуваме подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км....Продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.
Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез. Потоа одиме на ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река...Враќање во хотел.
СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА: Предлагаме особено возбудлив излет кој води буквално во срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год. Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан. После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини: Дервент - долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”, Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.
Пашаба - или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„. Дури и полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Пашаба долината е прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„. Враќање во хотел.
МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Ве водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.
* Тврдината Учхисар: Највисокото брдо/тврдина во Кападокија. Прошетка низ долините во подножјето на тврдината каде до 80-ти год. од минатиот век живееле луѓе во пештерите под брдото. Можност да се видат се уште автентични „домови„ од блиското минато. *Посета на голем салон и продавница за слатки и сушени овошни плодови.*Долината на „Трите Убавици„ - посета на долината каде ќе ја слушнеме тажната легенда за “ Трите убавици”. Една од 3-те најпознати „разгледници„ на Кападокија. *Ургуп - патуваме кон најголемото место во Кападокија, со траги од стари Грчки, Римски и Селџучки куќи. *Мустафапаша - посета на некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото. Место каде живее веќе трета/четврта генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска Македонија 1923/24 г. кои сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. *Ќе ја видиме и црквата Константин и Елена, во центарот на Мустафапаша, градена од страна на богатите жители (Грци) на Мустафапаша. *Јerveni cave hotel - со задоволство ќе Ви покажеме CAVE (пештерски) хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува македонски јазик со Егејски дијалект. Во големото фоаје на хотелот е прикажана и историјата на мачното патешествие на жителите – Турци од Јервени, Егејска Македонија кои таму живееле, некои со векови. Ќе слушнете тажна приказна за протераните жители со размената на населението 1923 помеѓу Грција и Турција. Пауза за едно вистинско турско кафе или турски чај. *Ортахисар - излетот го завршуваме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилски оџак во Кападокија висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Од видиковецот над Ортахисар ќе имате прекрасен панорамски поглед на градот. Место каде се снимаат автентични ТВ серии. Ручек во локален ресторан. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме или ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО: Препорачуваме 2 можности :
- “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилските оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура. (Дозвола за управување не е потребна) или....- “BUS SUNSET TOUR”: Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина: Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка по падините на вулкнското брдо уживајќи во најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина. За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка. Црквата на крстот (турски, Хаџли Килисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани цркви во Кападокија што треба да се посетат. Архитектурата на Црквата Крст е со богато теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот. Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака - Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност.
ТУРСКА ВЕЧЕР: Во вечерните часови одиме на турска вечер со традиционални фолклорни танци од разни страни на Турција и секако ориентален стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.
ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: Секако дека наоѓаме временски простор, покрај сите излети, да присуствуваме на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.
ЈАВАЊЕ НА КОЊИ: Едночасовно јавање на прочуените убави коњи во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци, уживајки во изгревот на сонцето, бркајќи ги балоните .
ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ: Едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци, уживајки во изгревот на сонцето, бркајќи ги балоните.
JEEP SAFARI 2 часа: Утринско возење низ нови долини: ”Долината Узенгија”-скриениот рај на Кападокија, долина богата со кислород и лековита минерална вода. Потоа ве возат до долината каде е мистериозниот Манастир Халач или Манастирската болница и за крај посета на ридот Зиндан – Антички карпест објект кој служел како судница...
“NOAH’S ARK” Cave-хотел во центарот на Гореме. – Уникатно доживување, престој во потполно нов хотел, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење...Со прекрасен поглед од терасата на хотелот кон многуте Самовилини оџаци и панорамата на Гореме. Wi-Fi. Ограничен број на соби. Дополнителни соби, во блиските cave/stone.хотели во зависност од бараниот тип на собите ги одредува локалната агенција.
ПРОМО ЦЕНА за резервации до 01.02.2025: 269 € / 16.680 ден |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во Кападокија
“Магична Кападокија”, вклучен ручек (без пијалок), влезници,превоз, локален водич: (65€),
“Срцето на Кападокија”, вклучен ручек (без пијалок), влезници, превоз, локален водич: (65€),
“Мистична Кападокија”, вклучен ручек (без пијалок), превоз, локален водич : (55€),
“Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 170 €
Цени на дополнителни факултативни атракции во Кападокија
НАПОМЕНА: Распоредот и сатниците на факултативните излети, посети, дополнителни атракции, може да претрпи измени, во зависност од временските услови и можности. Сите излети се организираат без оглед на бројот на пријавените патници (освен каде е наведено). Нема откажувања за веќе пријавените излети.
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.
* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50% . Целосно плаќање на аранжманот се прави најдоцна 14 дена пред поаѓање.
* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.
* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
* Седењето во автобус е според датумот на уплатата или со доплата за избор на седиште.
* Пасошот треба да биде со важност од мин. 6 месеци од завршување на аранжманот.