ПРОГРАМА
29.12.23 Истанбул
Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 15:00 часот од Скопје. Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена. Предвидено пристигнување во раните утрински часови.
30.12.23 Истанбул
Пристигнување на групата во Истанбул Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.Chech in во хотелот е после 14:00 час. Крстарење по Босфор 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Бејлербеи Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали. Таксим Плоштадот
31.12.23 Истанбул (Дочек на Нова Година 2024)
По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт. Балат Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички. Миниатурк Еден специфичен и интересн музеј, каде што ќе имат можност да ги видите сите познати светски градби на едно место во минијатурна форма. По посетата на Балат и Миниатурк, се упатуваме во хотел. Слободно време за одмор и подготовка за дочекот на Новата Година. Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор.
01.01.24
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 129€
Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз
Лиценциран туристички водич
Посета на Капали Чаршија
Посета на турската продавница „Коска“
Шопинг во 212 центарот
Туристичка такса
Патничко осигурување
Факултативи излети
Индивидуални трошоци
Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива која вклучува посета на Христијанска населба Балат, и посета на уникатниот музеј Миниатурк.
Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива која вклучува крстарење по Босфор, посета на палатата Бејлербеи и Таксим плоштад.
Уплата за Дочек на Нова Година или на некои од факултативите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.
Општи напомени:
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ