Нова година 2020: Будва – Дубровник – Котор
1 ден: 30.12.2019 год.
Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп во 20.00 часот; Кавадарци 21.00 часот; Велес 22.00 часот; Кочани 19.45 часот; Штип 21.00 часот; Куманово 21.30 часот). Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.
2 ден: 31.12.2019 год.
Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2020 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма и новогодишен концерт со Здравко Чолич. Ноќевање.
3 ден: 1.1.2020 год.
Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах - заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија.. Попладне враќање во Будва. Вечерта организирана забава и реприза на новогодишната ноќ пред платото на Стариот град во Будва со богата музичка програма и концерт со Светлана Цеца Ражњатович. Ноќевање.
4 ден: 2.1.2020 год.
Појадок. После појадокот заминување на полудневен излет до Котор (гратис). Слободна прошетка низ испреплетените мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св.Лука, Св.Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектура и бројни споменици кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. На договорено време, заминување за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во вечерните часови.
89 € (5.500 мкд)
ПРЕВОЗ И ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ
65 € (3.990 мкд)
ПРЕВОЗ И ПРИВАТНО СМЕСТУВАЊЕ
Во цената се пресметани следните услуги:
Превоз со туристички автобус на дадената релација; (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани, Штип и Куманово)
Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;
Посета на Св.Стефан;
Гратис полудневен излет до Котор;
Организација и пратител на патувањето
Во цената не се пресметани следните услуги:
Целодневен излет до Дубровник (10 евра);
Влезници за посети;
Патничко осигурување
Напомена:
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад.
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ