ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - Солун - Воден
Солун - Воден

Нова година 2020: Солун – Паралија – Метеори – Воден

1 ден: 31.12.2019 год.

Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 05.00 часот со туристички автобус. Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула.. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski, посета на еден од големите шопинг центри Cosmos Mediteranean (можност да се искористат новогодишните попусти). Попладне поаѓање за Паралиа. Пристигнување и сместување во хотел. Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек на Нова 2020 година. Ноќевање.

2 ден: 1.1.2020 год.

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до манастирската населба Метеори со посета на еден од многуте средновековни манастири подигнати на високи карпи. Попатна посета на Каламбака. Попладне враќање во Паралиа. Слободна вечер или можност за реприза на новогодишната вечер во таверна. Ноќевање.

3 ден: 2.1.2020 год.

Појадок. По појадокот следува слободно предпладне во Паралиа за шопинг. Околу пладне заминување за Македонија со попатна посета на водопадите во Воден. Посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

69 € (4.250 мкд)

ПРЕВОЗ И ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ

 

Во цената се пресметани следните услуги:

Превоз со туристички автобус на дадената релација;

Сместување во хотел во Паралиа на база две ноќевања со појадок;

Организиран шопинг во Солун и Космос;

Разгледување на Солун;

Посета на водопадите во Воден;

Организација и пратител на патувањето

 

Во цената не се пресметани следните услуги:

Факултативен излет до Метеори 10 еур; (минимум 35 лица пријавени за реализација);

Новогодишна вечера во таверна;

Реприза на Новогодишна вечера во таверна;

Влезници за посетите;

Патничко осигурување (задолжително)

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.

За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад.

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ