ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Авионски програми - Швајцарија
Швајцарија

13 март  Скопје – Базел - Цирих

Состанок на групата во 11.20 часот на скопскиот аеродром. Летрот на Визер за Базел е во 13.35 часот. Слетување во 15.50 часот.  Организиран трансфер до Цирих. Пристигнување во Цирих. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

14 март  Цирих – Луцерн

Појадок. Разглед на Цирих, најголем град по број на население и по површина, најголем банкарски центар, најпознат универзитет, најголем аеродром и железничка станица... Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Железничката станица, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот... Во попладневните часови препорачуваме факултативен излет во Луцерн, прошетка по дрвениот мост Kapellbrücke, кој со оригиналната кула е еден од симболите на градот, градските ѕидини со саат кулата чиј часовник отчукува една минута пред полн час, музејот на композиторот Рихард Вагнер,  модерниот повеќенаменски објект KKL- Конгресен и уметнички центар во кој е сместена концертна сала со извонредна акустика и Уметнички музеј, споменикот на Лавот од Луцерн – посветен на швајцарските гардисти што биле убиени во палатата Тиелери во Париз во 1792 година...Враќање во ЦирихСлободно време. Ноќевање.

15 март  Цирих – Берн – Лозана

Појадок. Заминување за Лозана. Попатно, посета на главниот град на Швајцарија- Берн, чиј стар дел е ставен на листата на УНЕСКО, како светско културно наследство. Вистинско задоволство е да се прошета по пешачките улици, покриени со аркади, украсени со фонтани, саат кули и други интересни објекти. Меѓу нив посебно привлечни се Bundeshaus – Сојузната палата (Собрание) на Швајцарија и плоштадот пред неа, Einsteinhaus, Kramgasse 49, во која живеел Алберт Ајнштајн додека работел во Швајцарскиот центар за патенти, Zytglogge, саат кулата од 13 век, Дувлото на мечките, симбол на Берн...Пристигнување во Лозана во вечерните часови, слободно време. Ноќевање

16 март  Лозана - Монтре - Шилон - Женева

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет, посета на замокот Шилон, кој е најпосетуван објект во Швајцарија. Се наоѓа на самиот брег на Женевското Езеро, кој во минатото служел за собирање царина/даноци од минувачите и трговците кои оделе за Италија. На помалку од десет километри одалеченост се наоѓа монденскиот град Мотре – познат како град на џезот и музичарите. По кејот на Женевското Езеро вниманитето го привлекува споменикот на познатиот пејач Фреди Меркјури. Патувањето продолжува за Женева.  Разглед на Женева,  еден од најголемите центри на меѓународната дипломатија. Во него се наоѓа Палтата на нациите во која е сместено седиштето на ООН, Меѓународниот комитет на црвениот крст, Светската трговска организација, во Женева е и седиштето на протестантската црква, односно на Калвинистите, поради што ја нарекуваат „Протестантски Рим“. Женева е интересна и затоа што во Женевското Езеро се наоѓа Jet d'Eau – воден млаз кој водата ја исфла во височина до 140 метри, цветниот часовник, истекот на реката Рона и островчето Русо, катедралата Свети Петар, Паркот на реформаторите, Градската куќа во стариот дел на градот... Враќање во хотел во Лозана. Ноќевање.

17 март  Лозана – Базел – Скопје

Појадок. Разглед на Лозана - седиште на Меѓународниот олимписки комитет, на Олимпискиот музеј и најмал град во светот во кој постои метро (подземна железница). На ридот, во стариот дел на градот доминира катедралата и камбанеријата од која веќе шест века, „чуварот“ на секој час испукува плотун. Внимание привлекува и протестантската црква. Заминување за Базел. Пристигнување во Базел, предвидена е пауза од околу 2 часа. Трансфер до аеродром. Лет на Визер во 21.50 часот. Пристигнување во Скопје во 23.55 часот.


ЦЕНА за уплати до 20.12:      399€ (24.740,00 мкд)

Цена на аранжманот:            459€ (28.460,00 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз Скопје – Базел – Скопје.
  • Сместување во хотели 2**/ 3*** на база 2 ноќевања со појадок во Цирих и 2 ноќевања со појадок во Лозана.
  • Организиран разглед на Цирих, Лозана, Берн според програмата
  • Кабинска торба со димензии 40х30х20цм до 8кг
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 4.990 мкд (се плаќа во агенција)
  • Доплата за кабински багаж до 10кг -2.000 мкд /  чекиран багаж - куфер до 10кг - 2.300 мкд *(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Факултативна посета на Луцерн 50 евра
  • Факултативна посета на Монтре, замокот Шилон, Женева 75 евра
  • Туристичка такса 990 ден -  се плаќа во агенција
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Еднокреветна соба 9.900 мкд

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.   За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. 

За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.  

За овој програм важат Опшите Услови на патување на  Магелан Травел Сервис.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

Организаторот го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. 

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.