АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
Египет

Egypt: All You Must Know Before You Go (2025) - Tripadvisor

Прв ден: 06.03.2026 (петок) - Скопје-Истанбул-Каиро

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11.00 часот. Полетување кон Истанбул во 12.55 часот, слетување во 16:20 часот по локално време на аеродромот Sabiha Gökçen (се лета со авиокомпанијата AJET). Летот за Каиро, главниот град на Египет е во 21.25 часот, пристигнување во 22.45 по локално време. Организиран трансфер со автобус и сместување на групата во хотелот „Helnan Dreamland“ 5* кој се наоѓа во близина на Гиза, во Каиро (https://www.helnan.com/en/Hotel/helnan-dream-giza/?hid=31afc326-2494-4634-be1e-72797eba8a0c&id ). Ноќевање.

 

Втор ден: 07.03.2026(сабота) - Каиро-Александрија

Појадок. Заминуваме во целодневна посета на Александрија, вториот град по големина во Египет со легендарна историја. Овој преубав град опкружен со Средоземното Море уште го нарекуваат и главниот град на Белиот Медитеран. Основан е во 331-та година пред новата ера од Александар Македонски и во негова чест го носи неговото име. Покрај преубавите плажи, Александрија изобилува со богато историско наследство бидејќи претставувал еден од најважните културни и интелектуални центри на стариот свет. Градот бил дом на прочуената Александриска библиотека и Александрискиот светилник, едно од седумте светски чуда на стариот свет кои, иако веќе не постојат, нивното влијание е до денес присутно во многубројните музеи и древни рушевини ширум градот. Според многумина, најпознатото обележје во туристичката топографија на Александрија е Помпејовиот Столб. И покрај неговото име, ништо не го поврзува со Помпеј; се претпоставува дека е подигнат кон крајот на четвртиот век во чест на римскиот император Диоклецијан кој се заканувал дека ќе ги убие сите локални жители, но се откажал од намерата кога неговиот коњ се слизнал и си го раскрварил коленото. Сепак, познат е како Помпејовиот Столб бидејќи, според легендата, на врвот од столбот се наоѓа главата на Помпеј-големиот римски војсководец кој по поразот од страна на Јулије Цезар побегнал во Александрија каде бил убиен. Столбот се наоѓа во центарот на главниот храм на грчко-египетскиот бог Serapis. Точно под столбот се наоѓаат остатоците од големата  античка библиотека. Потоа ќе ги посетиме катакомбите Kom El Shoqafa, најголемите римски гробишта од вториот век кои се состојат од три нивоа врежани во карпа и лавиринт од тунели во кои се наоѓаат прекрасни резби и скулптури кои се мешавина на еипетското, грчкото и римското влијание на Александрија. Разгледот на градот го завршуваме со посетата на Римскиот театар, еден од најдобро сочуваните древни театри кој некогаш бил место за претстави и јавни настани. Организиран ручек во локален ресторан, а потоа се враќаме назад во хотелот во Каиро. Вечера. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 08.03.2026 (недела) - Каиро-Гиза

Појадок. Заминуваме во посета на најголемата атракција во Египет – големите пирамиди лоцирани на висорамнината Гиза во близина на Каиро. Таму ќе ги видиме пирамидите на фараоните Cheops, Chefren и Mykerinus, познатата Сфинга и храмот во нејзиното подножје. Египетските пирамиди се’ уште се голема мистерија за човештвото; гробниците на фараоните постојано ги граделе 100.000 луѓе и се менувале на секои три месеци. Сите пирамиди биле изградени на западниот брег на Нил. Секоја страна од пирамидите е свртена кон одредена страна од светот и ниту една од нив не фрла сенка на другата, па затоа при нејзиното дизајнирање било потребно добро познавање на математичките константи и нивната примена во геометријата. Најстарата меѓу пирамидите во Гиза е Кеопсовата пирамида. Таа е исто така наречена Голема пирамида и претставувала најголема градба направена било кога од човечки раце. Оваа пирамида е стара над 4.500 години, има скалеста форма и со своите 147 метри во висина во текот на четири милениуми, некогаш ја носела титулата највисока градба во светот. Кеопсовата пирамида има осум страни, а не четири како стандардната пирамидална геометриска форма. Изградена е од 2,3 милиони варовнички блокови и тежи цели 6,2 милиони тони. Нејзината внатрешност се состои од три комори и тунел кој е широк 1 метар и долг 90 метри. Кеопсовата пирамида е изградена за да го чува телото на фараонот Khufu. Втора по големина е Кефреновата пирамида. Висока е 143,5 метри и ја изградил Кеопсоновиот син Кефрен за време на својот живот.  На платото Гиза се наоѓа и најголемата статуа на сфинга - Големата Сфинга која претставува митолошко суштество кое има човечка глава и лавовско тело. Изградена е од каменот што останал од изградбата на Кеопсовата пирамида. Со текот на времето, Големата Сфинга претрпела многу оштетувања, но дури и денес оваа статуа е волшебна и се смета за чувар на трите најпознати пирамиди во Египет.  Големата Сфинга е позната и како осмото чудо на античкиот свет. По разгледот, организиран ручек во локален ресторан, а потоа посета на новотворениот Египетскиот Национален Музеј кој се наоѓа во непосредна близина на пирамидите во Гиза. Големиот египетски музеј (GEM) се смета за најголем Музеј во светот посветен на древната египетска цивилизација кој содржи над 100.000 експонати од периодот од околу 5000 година п.н.е. до римското владеење околу 400 година од н.е. Колекцијата од 5.000 предмети на кралот Тутанкамон откриена во 1922 година за првпат досега е изложена на едно место во целост, вклучувајќи ја и легендарната златна маска. Во Музејот исто така е изложена огромната, 3.000-годишна статуа на Рамзес II, еден од најмоќните древни владетели во земјата која е висока 11,3 метри и тешка повеќе од 80 тони. Уште една од многуте знаменитости е бродот на фараонот Кеопс, долг 42 метри, откриен во 1954 година. Во вечерните часови заминуваме на спектакуларно крстарење со брод по Нил, најдолгата река во светот која до денес е извор на животот во Египет. Двочасовното крстарење вклучува вечера, музика во живо и изведба на традиционални фолклорни танци. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

Четврти ден: 09.03.2026 (понеделник) - Каиро-Хургада

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и со автобус се упатуваме кон Хургада. По пристигнувањето, сместување на групата во хотел 5* на база All Inclusive (од типот на хотелите Palm Royal Soma или Sentido Caribbean Soma) . Слободно време за одмор од патувањето и користење на содржините што ги нуди хотелот (ручек и вечера во хотелот). Ноќевање.

 

 

Петти ден: 10.03.2026 (вторник) - Хургада-Луксор

Појадок. Заминуваме кон Луксор и организирана посета на храмот Карнак, најголемиот верски комплекс некогаш изграден, простор посветен на богот Амон, чија градба траела повеќе од 2000 години. Поради фактот што тука се наоѓа наоѓаат најголемите антички египетски храмови, во 1979 година местото е вклучено во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО. Ќе прошетаме низ Алејата на Сфингите, ќе се восхитуваме на Големата Хипостилна сала со 134 масивни столбови и ќе се запознаеме со џиновскиот обелиск на кралицата Хатшепсут. Од таму ќе се упатиме кон западниот брег на Нил, поранешната некропола на древна Теба и домот на мртвите. Ќе ја посетиме познатата Долина на кралевите каде се откриени над 60 гробници, вклучувајќи ја и познатата гробница на Тутанкамон и продолжуваме кон величествениот Храм на кралицата Хатшепсут во Деир ел-Бахари, ремек-дело на античката архитектура врежано во стрмна карпа. Завршуваме со Колосите на Мемнон, две масивни камени статуи на фараонот Аменхотеп III кои датираат од 14 век пред новата ера високи по 18 метри. Со своите пиедестали тежат над 2.000 тони и некогаш го чувале влезот во погребниот храм на Аменхотеп- храмот во Теба, кој бил најголемиот храмски комплекс во Египет кој за жал денес е срушен. Фигурите се направенЛуксори од кварцит од Каиро и двете се во седечка положба со рацете на колената и со поглед насочен кон реката Нил. Ручек во локален ресторан. Во доцните попладневни часови враќање во хотелот и слободно време за ндивидуални активности. Ноќевање.

 

Седми ден: 11.03.2026 (среда) - Хургада-Истанбул-Скопје

Во раните утрински часови одјавување од хотелот и организиран превоз до аеродромот во Хургада. Полетување кон Истанбул во 05.10 часот по локално време, слетување во 09:00 часот. Летот за Скопје е во 12.30 часот, пристигнување во 12.00 по локално време.

 

 

Промотивна цена за уплата до 22.12.2025........ 1350 евра(83.700 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........1450 евра (89.900 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената е вклучено:

• Авионски билет Скопје-Истанбул-Каиро со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет Хургада-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 3 ноќевања во Каиро во хотел со 5* (полн пансион)

• 2 ноќевања во Хургада во хотел со 5* на услуга All Inclusive

• Организиран ручек во локални ресторани во Александрија, Гиза и Луксор   

• Ноќно крстарење со брод по реката Нил со вклучена вечера и музика во живо

• Влезници во објектите кои се посетуваат

• Лиценциран локален туристички водич

• Лиценциран туристички придружник

 

Во цената не е вклучено::

• Патничко осигурување

• Виза за Египет – 25 долари (визата се добива на лице место на аеродромот, пасошот треба да има важност подолго од 6 месеци од денот на пристигнувањето)

• Бакшиш за возачи и водичи (50 долари по лице за целиот аранжман)

• Доплата за еднокреветна соба-380 евра

 

 

Напомена:

За потврда на резервацијата е неопходна задолжителна уплата од 350 евра (21.700 денари). Целосна доплата на аранжманот до 03.02.2026 година.

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници