БАРСЕЛОНА во МАРТ
04.03 - 07.03.2023
4 дена/3 ноќевања
Авионска програма од СОФИЈА
Состанок на групата во утринските часови во Скопје. Трансфер до аеродромот во Софија. Полетување за Барселонa во 19:05 ч. Пристигнување во Барселона во 21:10 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
2 ден: (05.03.2023 – недела ) - БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, РАМБЛАС, АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ)
Појадок во хотел. Панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија (40 минутен разглед од надвор), , Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност во шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза, ручек или шопинг. Во вечерните часови Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: (06.03.2023 – понеделник) - БАРСЕЛОНА (ПАРК ГУЕЛ–ШПАНСКО СЕЛО; НОУ КАМП, ФЛАМЕНКО)
Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Започнуваме со посета на паркот Гуел - едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Потоа се упатуваме кон Шпанското село кој претставува музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто, Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден: (70.03.2023) - вторник) - БАРСЕЛОНА (Золошка градина и парк Цитадела) – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна факултативна посета на парк Цитадела и Зоолошката градина. Сместена во централниот парк на Барселона, представува една од најголемите и најпосетени Зоолошки градини со преку 1 милион посетители годишно. Во огромното пространство сместени се над 2.500 видови на животни. Изградена е како отворен тип на зоолошка градина, каде има можност за директен контакт со дел од животните. До пред неколку години, оваа градина беше дом на единственото албино горила што постоеше во светот. Оваа Зоолошка градина е атрактивна за сите возрасти и претставува забава за цела фамилија. Индивидуално враќање во хотел и слободно време. Трансфер до аеродормот во Барселона во 19:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 21:55 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 01:55 часот локално време.
ПРОМОТИВНА ЦЕНA ПО ЛИЦЕ : 499 € (30.938 мкд)
за уплати до 25.12.2022
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
Задолжително пријавување за факултативите во агенција и минимум пријавени патници за реализација: 16.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ