
1 ден: 06.03.2026
Поаѓање во 05.00 часот од Скопје на паркинг кај СЦ „Борис Трајковски“ и Куманово со туристички автобус. ( Организирани поаѓања-трансфери со доплата од Гевгелија, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Штип и Велес ). Патот води на граничниот премин Табановце со попатни одмори до Крагуевац. Следува разгледување на градот со локален туристички водич: културно-историскиот комплекс „Милошев венец“ кој го опфаќа централниот дел од градот во кој се наоѓаат најзначајните објекти изградени во време кога Крагуевац била прва престолнина на модерната српска држава. Народниот музеј-чии почетоци се поврзани со кнезот Милош во првата половина на 19-от век, Старата црква во која е донесен првиот српски Устав, зградата на старото собрание, првата српска гимназијпрвата српска гимназијаа основана во 1833 година, споменикот на Шумадинците, градскиот пазар, конакот на Кнезот Михаил, градскиот театар… Кратка пауза и слободно време за кафе во центарот на градот. Посета и разгледување на спомен паркот Шумарице-Крагуевачки Октомври, единствена амбиентална целина која се простира на 352 хектари. Најчесто посетувано место од бројните туристи е Споменикот на стреланите ученици и професори т.н. V/3 на 21 Октомври 1941 година. Во истоимениот парк се наоѓаат и бројни содржини за спорско рекреативен туризам, авантура парк, аквариум и ботаничка градина. Сместување во хотел „Крагујевац“ 4* во центарот на градот. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Вечера. Ноќевање.
2 ден: 07.03.2026