Ostrog Monastery – The third most visited sacral place in the world |  VennTour | Balkan DMC Tours

Пресечен во карпа, овој спектакуларен црногорски манастир во близина на Никшиќ има вековна фасцинантна историја. Голем и обоен во бело, манастирот Острог може да се види од километри, во контраст на сивилото и портокаловото на природната карпа.

Изграден е во 1600-тите со резба на лицето на карпа. Работата ја надгледувал тогашниот епископ на Херцеговина, кој понатаму бил познат како Свети Василиј Острошки.

Неговата одлука да го изгради овој манастир во Црна Гора во карпа, веројатно во голем дел била заради заштита, бидејќи тоа било време кога Отоманската империја предизвикувала хаос во областа.

Но, легендите велат дека и Свети Василиј бил воден од Бога да создаде нешто посебно овде. Во првата пештера изградил црква. Втората пештера направи спална за гости. И третата пештера беше местото каде што ќе се чуваат верските артефакти. 

Секоја година, десетици илјади луѓе одат на аџилак во манастирот Острог со надеж дека моштите на Свети Василиј ќе можат да им помогнат. Многумина од нив одат боси последните три километри од долниот манастир, по кривулестиот пат до горниот манастир.

 

24.04.2026. Поаѓање во 23.00 часот од Нова Пошта-Штип, патуваме преку Косово, Албанија, ноќно возење со попатни одмори.

25.04.2026. Пристигнување во Будва во утринските часови, пауза за фотографирање на прекрасната панорама на Будва и Св.Стефан. Слободно време за прошетка низ стариот дел на градот и центарот, можност за индивидуално капење. Заминување за Манастирот Св.Василие Острошки, сместен на високо масивен карпест дел кое представува најголемо Црногорско светилиште а секако и најпосетуван манастир на Балканот (основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св.Василије Острошќи се чудотворни а се наоѓаат во Горниот Манастир). Вечерна служба во Горниот манастир во 17:00 часот(индивидуално). Сместување и ноќевање во манасирскиот двор(во манастирот се добиваат душек и кебиња) или во манстирските конаци (во Горниот или долниот манастир во повеќе креветни соби 8 или 10 кревети). Посетителите кои ќе ноќеваат во Долниот манастир потребно е да се сместат до 21 часот каде ќе преноќат. Ноќевање.

26.04.2026. Наутро поаѓање кон Подгорица. Кратка пауза во центарот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија.

Цена:2.000 денари. -за поаѓање од Штип во 23:00

Цена:2.000 денари. -за поаѓање од Скопје во 23:50

Цена 2400 мкд. за поаѓање од Струмица во 21:45 бензинска Лукоил

Цена 2300 мкд. за поаѓање од Радовиш во 22:10 бензинска Лукоил

-(трансфер важи за група над 8 особи пријавени од дадено место)

 

Во цената на аранжманот е вклучено

-автобуски превоз на дадената релација

-сместување на база 1 ноќевање(по избор во  манасирскиот двор или во манстирските конаци)

-посета на манастирот Св.Василије Острошки

-посета на Будва и Св.Стефан(панорамски)-капење

-посета на Подгорица

-организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-здравствено патничко осигурување-100 денари

-превоз од Долниот до Горниот Манастир Острошки-повратна 2 €

-ноќевање во долниот манастир во конаците (5 евра-се плаќа во конакот)

-туристичка такса за посета на Острошки (5 евра по лице-задолжително)

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници.

Известување: може да се патува со валидна биометриска лична карта.

За овој аранжман важат Општите услови за патување