ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Авионски програми - Рим 15.03- 18.03.2025
Рим 15.03- 18.03.2025
Рим - март - Програма на Тура
15/03/2025  18/03/2025
 
1 ден (15.03.2025 - сабота) | Скопје - Рим
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:50 часот. Полетување за Рим во 16:50 часот. Пристигнување во Рим во 18:40 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Во договор со пратителот на групата, можност за ноќна прошетка во центарот на градот.Ноќевање.
 
2 ден (16.03.2025 - недела) | Рим (Разглед и Ватикан
Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Разгледот продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ - единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
3 ден (17.03.2025 - понеделник) | Тиволи, Рим (Колосеум - однадвор)
Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
4 ден (18.03.2024 - вторник) | Рим - Скопје
Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (последно кафе или шопинг во Рим) и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 19:10 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 20:50 часот.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 429 € / 26.590 мкд
 
 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* (централно подрачје)
  • 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Туристичка такса – 7,5 € по лице на ден
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување;

Цени за Факултативи:

  • Организиран панорамски разглед на Рим со локален водич - 20 €;
  • Организирана факултативна посета на Ватикан и Систинската капела - 70 € (со локален водич и влезница)
  • Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este - 70 €;

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на арнжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.За реализација на истите потребно минимум од 16 лица.

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ