ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски Програми - Венеција - 24.05. - 27.05.2026
Венеција - 24.05. - 27.05.2026
What to Do in Venice: Shopping, Restaurants, and More | Architectural Digest
Прв ден 24.05.2026 (Недела)

Собир на Скопскиот аеродром во 09:30 часот. Полетуваме за Венеција во 11:55. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре. Во попладневнитечасови ја посетуваме Венеција и имамеразглед со локалниот водич. Ноќевање.

 

Втор ден 25.05.2026 (Понеделник)

По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Ќе ги видиме Pratto della Valle, еден од најголемите отворени плоштади во Европа, ќе уживаме на Via Umberto, главната и најдолга шопинг улица во Падова, Piazza delle Erbe, плоштадот каде започнуваат сите збиднувања, ве водатдирекно кон Piazza della Signoria, и секако уникатната Астролошка кула. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови, BENETON, местото каде спокојството и вистинскиот италијански начин на живот е најспецифичен. Мали и тесни улички, романтични кафулиња, слатки плоштади, и секако родното место на познатиот десерт, Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

Трет ден 26.05.2026 (Вторник)

По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

 

Четврти ден 27.25.2026 (Среда)

По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 11:30. Летот за Скопје е во 14:15. Пристигнување во Скопје во 15:55.

 

Цена на аранжманот: 359eur / 22,258мкд

 

Во цената е вклучено:

3 ноќевања во хотел со појадок (во Мештре)

Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје

Посета на Падова и Тревизо

Локален Водич во Венеција со слушалки

Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром

Превоз до наведените релации

Лиценциран придружник

 

Во цената не е вклучено:

Патничко осигурување

Туристичка такса (5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)

Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

Багаж над 10 КГ – информации во агенција

 

Важно:

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 22 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во авион – Истото се доплаќа.

Доплата за еднокреветна соба 120 евра

Доплата за дете до 11.99 години – 279 евра (намалување 40 евра од промотивната цена за возрсни)