08.09.2025 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – ЛАЗАРИЦА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Зaминување за Македонија после пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
ПРОМО цена до пополнување на местата - 175€/10.850 мкд
Редовна цена на аранжманот - 195€/12.090мкд
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Во цената на аранжманот е вклучено:
Автобуски превоз на наведената релација
Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса),
Исхрана на база полн пансион: појадок, ручек и вечера на база шведска маса
Користење на внатрешен базен и внатрешно-надворешен базен со минерална лековите Пролом вода
Секојдневно користење на Велнес Центарот : солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум
Користење фитнес сала и сала за рекреација (билјард, пинг понг, тенис, пикадо)
Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
Туристичка такса Организација, реализација и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Патничко и здравствено осигурување,
Организиран излет до Ѓавола Варош, превоз, вклучена влезница и локален водич - 5€
Индивидуални трошоци масажи, пијалок и др.
Попусти и опционални доплати:
Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860ден
Дете 2-7год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 35€/2.170ден
Дете 7-12год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни -50% попуст
Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден по патник
Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)
Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +45€/2.790ден
НАПОМЕНИ:
За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ