Симбол на грчкиот туризам и една од најромантичните дестинации во светот. Белите куќички со сини покриви, спектакуларниот вулкански залив и незаборавните зајдисонца го прават Санторини посебен. Главниот град Фира, живописните таверни, прочуеното вино Nychteri и уникатните санторински домати ќе ви откријат зошто овој остров е вистинска магија на Кикладите.
План и програма:
1 ден 09.10.2025 (четврток) СКОПЈЕ – САНТОРИНИ
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски во 15:00ч. Поаѓање на автобусот во 15:30ч, се патува преку граничниот премин Богородица/Гевгелија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) кон Атина/Пиреа.
2 ден 10.10.2025 (петок) АТИНА/ПИРЕА - САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење кон Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до хотел на Санторини. Време за краток одмор и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот водич посета, прошетка, индивидуална вечера во некоја од традиционалните таверни во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање и волшебно доживување на прекрасното гратче кое блика и светли како ѕвездено небо. Во доцните вечерни часови ,во договор со групата и нашиот водич враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 11.10.2025 (сабота) САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 09 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на селото Акротири, каде би имале можност за индивидуална посета на музеј археолошки град Акротири, посета на црвената плажа и време за кратка пауза во локалното кафуле крај Егејското Море. По посетата на Акротири и црвената плажа се упатуваме кон прекрасното селце кое одамна било главен град на Санторини и се наоѓа скоро на највисоката точка на островот, селото ПИРГОС, кое изобилува со многу замоци остатоци од византиската империја, многу цркви со традиционални сини куполи, локални таверни, традиционални кафулиња со прекрасен поглед на целиот остров и Егејското Море, ќе имаме време за индивидуални прошетки и посети. По посетата на селото Пиргос се упатуваме кон главниот град на островот ФИРА или добро позната како THIRA. Во Фира остануваме се до попладневните часови, каде нашето време ќе го искористиме за дневна прошетка низ островските тесни улички кои блескаат со својот гламур кој го создаваат монденските и гламурозни продавници за накит (злато, дијаманти, сребро), можност за индивидуално возење со жичара до старото пристаниште и назад, фотографирање, поглед од калдера кон островите НЕАКАМЕНИ, ПАЛЕАКАМЕНИ, ТИРАСИЈА, АСПРОСИНИ кои некогаш биле составен дел на островот Санторини, време за индивидуален ручек. Во попладневни часови во договор со водичот се упатуваме во посета на најмонденското гратче кое се наоѓа на најгорната страна од островот OIA каде што ќе го доживееме гламурот и најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето околу 20 часот враќање во хотел, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во локалното население. Ноќевање.
4 ден 12.10.2025 (недела) САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот околу 09:00 часот поаѓање/трансфер со автобус до пристаниште Атињос ,каде не чека нашиот харави/брод и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:30 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност да ја видите и жичарата која води до Фира. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од (колку чини во моментот, секој посетител сам си плаќа, цените се движат од 2 до 7 еур при самиот влез) од каде има можност да се видат сите седум кратери на вулканот. Потоа се упатуваме кон островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото Манолас на островот Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен разглед на OIA, Фира се до старото пристаниште каде се наоѓа жичарата која води до Фира. Околу 16:30 часот, се враќаме назад на пристаниште - Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме повторно во посета и прошетка на мондеското гратче OIA, или посета на Камари гратче на самата обала на црната плажа кое изобилува со многу барови, ноќни клубови, традиционални островски таверни (можност за прошетка, пијалок, вечера, превкусно гиро, морски специјалитети, јагне на жар..). Време за слободни активности. Во вечерните часови враќање во хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.
5 ден 13.10.2025 (понеделник) САНТОРИНИ - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот време за слободни активности, напуштање на хотелот , багаж во автобус околу 11.00-11.30 часот. Сите заедно се упатуваме на факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum (во винарија влегуваат сите кои имаат уплатено влезница за посета на винарија , резервација и дегустација) која датира од 1.600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. НАПОМЕНА (одиме сите заедно во винарија. Во винаријата влегуваат сите кои имаат резервација и платена влезница за посета на музејот, дегустација и презентација на вина. Патниците кои немаат резервација и билет за посета остануваат во кругот (дворот) на винаријата. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч. Ноќно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30ч. по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничниот премин Богородица, со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
6 ден 14.10.20225 (вторник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија на ден во утринските часови.
ULTRA FIRST MINUTE ДО 15.09.2025 - 269 €/16.678 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ- 299 €/18.538 ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со високо туристички автобус на релација (кој е на располагање и на Санторини)
• 3 ноќевања со појадок во Хотел на Санторини
• Бродска карта, Пиреа/Атина – Санторини – Пиреа/Атина
• Трансфер пристаниште - хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)
• Туристички придружник за цело време на патувањето
• Организација и реализација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини (2ри ден по програма) - 10€
• Целодневна екскурзија и разглед на островот (автобус+ водич, 3ти ден по програм) -45€
• Eкскурзија со брод (автобус трансфер + водич + брод, 4ти ден по програмата) 45€ + гратис од агенцијата попладневна посета на OIA или Камари за сите кои имаат уплатена екскурзија со брод
• Попладневна посета на OIA ИЛИ КАМАРИ (автобус + пратител, 4 ти ден по програмата) 15€ (ЗА ОНИЕ КОИ НЕ ОДАТ НА КРСТАРЕЊЕ СО БРОД)
• Посета на винарија (автобус + водич + влезница за винарија, резервација и дегустација на вино (5ти ден по програма) - 40€.
• Туристичка такса 9 еур по особа за целиот престој (СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА)
• Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 4 200 ден.
• Дете до 1,99 години, плаќа само превоз - 60€/3.720 ден.
• Прво дете до 6,99 години, а не користи кревет спие со двајца возрасни, плаќа само превоз+брод - 130€/8.060 ден.
• Второ дете до 11,99 години со двајца возрасни плаќа минус 20% од вкупната сума на аранжманот.
• Доплата за седиште по избор 20 еур
• Доплата за дополнително седиште 150 еур
• Индивидуални трошоци
• Задолжително здравствено патничко осигурување
НАПОМЕНА :
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
•Хотелите се со 2*или 3* (Периса, Камари, Месарија) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5-7 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
• Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
• Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
• Целосна доплата 10 дена пред патување.
• За уплати на “ULTRA FIRST MINUTE” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот.
• Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
•Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата и редоследот на факултативните екскурзии.
• При резервација и уплата на аранжманот задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот.
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
• Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
• Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот на поаѓање доколку од страна на бродската компанија има промени на ден и час на испловување од Пиреа-Санторини-Пиреа, исто така агенцијата го задржува правото за промена на редоследот и часот на понудените факултативни екскурзии по програмата.
С