ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски програми - Прага - 11.12. - 14.12.2026
Прага - 11.12. - 14.12.2026
Exploring the Neighbourhoods of Prague | Goway Travel
1 ден (11.12.2026 петок ) Скопје- Прага
Состанок на аеродромот во Скопје.Полетување за Прага во 10:40 ч. Слетување во Прага во 12:55 часот. После царинските формалности следува организиран трансфер до хотел. Сместување и слободно време.Во приквечерните часови може да се организира првото запознавање со Прага, по предлог на пратителот на групата
 
2 ден (12.12.2026 сабота) Прага
Појадок во хотел.По појадокот следува организиран разглед на градот со локален водич.Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица...Остатокот од денот е слободен за индивидуални активности или можност за ноќно крстарење по Влтава... Ноќевање.
 
3 ден (13.12.2026 недела ) Прага - Карлови Вари
Појадок. По појадокот следува посета на Карлови Вари - најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање назад кон Прага, слободно време. Ноќевање.
 
4 ден (14.12.2026 понеделник ) Прага - Скопје
Појадок во хотел. После појадокот ќе имате слободно време во Прага. Во договорено време следи трансфер до аеродром. Во 21:20 полетување кон Скопје. Слетување 23:20.
 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 379 Еур.
за првите 8 места
РЕДОВНА ЦЕНА  
449

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Лет на релација Скопје – Прага – Скопје;
  • Аеродромски такси;
  • Мала кабинска торба до 8кг (40x30x20cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во  Hotel Ilf 3 * на услуга BB – 3 ноќевања;
  • Разглед на Прага со локален водич
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса 4 € по лице на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 50 €
  • Крстарење по Влтава – 20 €
  • Патничко осигурување;
  • Билети за јавен превоз.

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНА  ЕДНА ДОПОЛНИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА !!

 

ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ЕКСКУРЗИИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИСТИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ РЕАЛИЗАЦИЈА ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ЕКСКУРЗИИ!!

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.