Истанбул

Истанбул, единствениот град на два континенти! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина и историја, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности.

Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од неофицијално над 20 милиони жители.

 

Прв ден – 04.12.2020 (петок)
Состанок на групата на Дрводекор во 16:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.

 

Втор ден – 05.12.2020 (сабота)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Веднаш следува пешачка тура низ стариот дел на Истанбул. Со локалниот водич и со групата се упатуваме кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата. 

  • Аја Софија

Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.

Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. И денес, Аја Софија е повторно џамија.

  • Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледите, групата има слободно време за индивидуални активности.

По завршувањето на овие факултативи, групата се сместува во хотел со 5*, каде има слободно време се до вечерните часови, кога ќе се оди на ноќен Истанбул. Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење со хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. 

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истиклал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истиклал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки. По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

Tрет ден - 06.12.2020 (недела)

Појадок. Третиот ден е предвиден за целодневна посета на Долмабахче сарајот, крстарење по Босфор, Ускудар, Моминска Кула, Emaar Square Mall и Water garden.

  • ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

  • КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
    Третиот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич.
    Ова е 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.
  • МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi)

По крстарењето, групата се упатува кон Женската Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

  • УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

  • EMAAR SQUERE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

  • WATERGARDEN
    Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Четврти ден - 07.12.2020 (понеделник)

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон фабриката за производство на најпознатите турски слатки „Коска“, каде по фабрички цени можете да си купите оргинални турски баклави, локуми и секакви останати деликатеси. Потоа групата, се упатува кон познатиот трговски центар 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг?

Во договорено време се собира групата и се упатува кон Македонија. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79€ ПО ЛИЦЕ

 

Факултативни излети:

Топкапи палата - 20е

Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.

 

Пакет: Ноќен Истанбул - Панорамски разглед, Сафир 4Д Кула и Таксим  - 25 евра

Панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло.

Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.

Плоштадот „Таксим претставува главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

 

Посета на палатата Долмабахче - 25евра

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

 

Пакет 1: Крстарење по Босфор, Моминска кула, Ускудар, Emmar Square Mall и Watergarden

50 евра намалување од 55 евра

Крстарење по Босфор
Моминска Кула
Ускудар
Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden)

Пакет 2Крстарење по Босфор, Моминска кула, Ускудар, Emmar Square Mall и Watergarden, Ноќен Истанбул (панорамски разглед, Сафир 4Д Кула и Таксим)

70 евра намалување од 75 евра

Крстарење по Босфор
Моминска Кула
Ускудар
Emmar Square Mall
Watergarden
Ноќен Истанбул (Панорамски разглед, Сафир 4Д Кула + плоштадот ТАКСИМ)

ВИП ПАКЕТ: Крстарење по Босфор, Моминска Кула, Ускудар, Emmar Square Mall, Watergarden, Ноќен Истанбул (панорамски разглед, Сафир 4Д Кула и Таксим), Долмабахче, Топкапи палатата, аквариум

120 евра намалување од 132 евра

Крстарење по Босфор
Моминска Кула
Ускудар
Emmar Square Mall
Watergarden
Ноќен Истанбул (панорамски разглед, Сафир 4Д Кула + плоштадот ТАКСИМ)
Посета на Аквариум
Долмабахче
Топкапи палатата

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 
- 2 ноќевања со појадок во хотел 5*
-Автобуски превоз на дадена релација
- Туристички придружник на патувањето
- Пешачка тура низ стариот град Истанбул
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на Аја Софија
- Посета на фабриката за слатки Коска
- Посета на шопинг центарот 212

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Патничко и здравствено осигурување
- Факултативни излети
- Екстра трошоци 

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
- Се патува без PCR тест
- Хотелот ќе го знаат патниците на 2 дена пред поаѓање
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 160 денови од денот на патувањето
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ