
30.10.2026 (Петок) СКОПЈЕ-МАДРИД
Состанок на групата на аеродром Скопје во 15:00 часот. Полетување за Мадрид во 17:05 часот со авикомпанијата Wizz Air. Слетување во Мадрид во 20:45 часот (локално време). Организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
31.10.2026 (Сабота) МАДРИД
Појадок. По појадокот, пешачки разглед со лиценциран локален водич низ историското јадро на Мадрид (со јавен превоз). Разгледот започнува од Пуерта дел Сол, централниот градски плоштад каде се наоѓа славната статуа на мечката потпрена на дрво – заштитен знак и симболот на Мадрид. Потоа, продолжуваме кон Плаза Мајор и гастрономскиот пазар Меркадо де Сан Мигел, каде ќе го разгледаме Ботин, најстариот ресторан во светот. Патеката нè води преку Плаза де ла Виља и Калје Мајор до катедралата Алмудена– историски плоштад на кој се одржале првите кориди во Мадрид, а потоа и до Кралската палата – најголемата во Западна Европа. Турата завршува пред зградата на Кралската опера и плоштадот Ориенте. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Трансфер до хотелот околу 18:00 часот со јавен превоз. Враќање во хотелот. Ноќевање.
01.11.2026 (Недела) МАДРИД
Појадок. По појадокот, заминување со јавен превоз кон централниот дел на градот. Можност за посета на прочуениот музеј Прадо, еден од најзначајните уметнички музеи во светот. Тука ќе ги видите музејските поставки и делата на Веласкес, Гоја, Ел Греко и многу други уметници кои оставиле трага во европската историја на уметност. По посетата на Прадо, ви препорачуваме да прошетате низ најпознатиот парк во Мадрид – Паркот Ретиро. Овој парк е омилено место на локалното население за прошетка, одмор и бегство од градската врева. Тука можете да уживате покрај езерцето со чамчиња, да го прошетате кристалниот дворец Паласио де Кристал или едноставно да се релаксирате во зеленилото. Шопинг на најголемата и дефинитивно најтуристичка улица во Мадрид „Гран Виа“ која се протега од „Плаза де Еспана“ до „Кале де Алкала“ во близина на „Плаза де Цибелес“. Долга е 1300 метри и стара 100 години. Оваа улица се нарекува и Бродвеј во Мадрид, заради многуте продавници, огромни екрани, реклами, кина, кафулиња и прекрасни згради, особено Edifico Carrion и Telefonica. Овде можете да го гледате Кралот лав, изведба на Cirque du Soleil или The Poor, да одите на фламенко шоу навечер или стенд-ап комедија во La Chocita del Loro. На пат кон центарот, наша препорака е да направите кратка пауза за едно од најпознатите мадридски задоволства – чурос со топло чоколадо (Чурос се традиционално шпанско благо кое се јаде во текот на целиот ден, но Мадриѓаните најчесто го практикуваат како утрински или попладневен ритуал) или посета на некои од локалните барови кои служат предјадења (традиционален шпански мезе: разни грицки, топли и ладни, со маслинки, сирење, пршута, шунка…). За оние што сакаат убави панорамски фотографии, постои можност за посета на прочуениот видиковец на Rooftop Terrace на хотел RIU Plaza España, еден од највпечатливите погледи на Мадрид. Од горе градот се гледа како на дланка – од Гран Виа до Кралската палата. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Враќање во хотелот. Ноќевање.
02.11.2026 (Понеделник) МАДРИД-ТОЛЕДО-МАДРИД
Појадок. Одјавување од хотелот. Задолжителна факултативна посета на Толедо. Патувањето трае околу еден час и води кон срцето на регијата Кастиља — област позната по нејзините златни житни полиња, самотни замоци, широки лозја, полиња со шафран, традиционалните ветерници и пејзажи поврзани со приказната за Дон Кихот. По пристигнувањето во Толедо, некогашната престолнина на Шпанија и еден од најимпресивните градови во земјата, ќе го откриете неговото типично ридско поставување, под чие подножје тече реката Тахо- најдолгата река на Иберискиот Полуостров, која го продолжува својот тек и низ Португалија. Започнуваме со панорамна пауза од видиковецот над Тахо, од каде се отвора поглед кон тврдината-палата Алказар. Следи прошетка низ старото градско јадро, богато со архитектонски бисери што претставуваат врвни примери на маварскиот и средновековниот стил, а Толедо е воедно и прочуен по традицијата на изработка на марципан. Продолжуваме со разглед на Готската катедрала (Catedral de Toledo), чија изградба се одвивала во период од три века- од XIII до XV столетие. Во катедралата ќе го видиме раскошниот олтар и ризница која ги чува делата и апостолатските композиции на Ел Греко. Слободно време за ручек и индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 21:30 часот.
03.11.2026 (Вторник) СКОПЈЕ.
Слетување во Скопје во 00:55 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 419€ / 25.980,00 денари
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: