ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски Програми - Прага - 22.10. - 26.10.2026
Прага - 22.10. - 26.10.2026
3 Days in Prague: The Ultimate Prague Itinerary (2026 Guide)
ПРВ ДЕН (22.10.2026) Четврток
Собир на групата кај Хотел Русија во 12:00 часот. По распределувањето на седиштата и багажот, во 12:30 поаѓање. Патувањето е преку Србија, Унгарија, Австрија, Словачка со попатни паузи. Според условите од патувањето, групата се упатува и сместува во хотелот. По сместувањето и краткиот одмор, заедно со придружникот на патувањето се упатува групата на попладневна прошетка низ Прага. Ноќевање.
 
ВТОР ДЕН (23.10.2026) Петок
По ноќното патување, во утринските часови пристигнување во Прага. Започнува панорамски и пешачки разглед со локалниот водич низ историскиот центар на Прага. По разгледот и слободното време, започнуваме со крстарењето по Влтава. Во вечерните часови враќање во хотел и ноќевање.
 
ТРЕТ ДЕН (24.10.2026) Сабота
По појадок во хотелот, групата се упатува на целодневна екскурзија со локален водич до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Европа, термалните извори и старите палати кои пленат со својот раскош и убавина, и секако зрачат со топлина од термалните води. Слободно време за прошетка и посета на некој од базените, каде ќе имате можност да уживате во топлите води. Во вечерните часови враќање во хотел и ноќевање.
 
ЧЕТВРТИ ДЕН (25.10.2026) Недела
По појадок во хотелот, одјавување од хотелот и поаѓање кон Македонија. Попатно се застанува во најголемиот трговски центар во тој дел од Европа, Пандорф, каде групата ќе има неколкучасовно шопинг доживување. Во вечерните часови продолжување на патувањето кон Скопје преку Австрија, Унгарија, Србија.
 
ПЕТТИ ДЕН (26.10.2026) Понеделник
Пристигнување во Скопје околу пладне.
 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 189 ЕВРА 

 

Во цената е вклучено:

2 ноќевања со појадок во хотел 3*

Автобуски превоз на наведената релација

Локален Водич во Прага

Организација на аранжманот

Посета на Пандорф

Лиценциран придружник

 

Во цената не е вклучено:

Патничко осигурување

Туристичка такса (5 € по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)

Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

Задолжителна доплата за екскурзија Карлови Вари со превоз и локален водич (50€ )

Крстарење по Влтава (20€ )

 

Важно:

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 45 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Седиштето во автобус се добива според датумот на уплатата

Доплата за еднокреветна соба – 50 евра

Доплата за дете до 11.99 години –159 евра

 

Факултативни излети

Карлови Вари - Задолжителна факултатива

Цена за пакет: 50€

КАРЛОВИ ВАРИ – најпознатиот бањски град во Чешка, сместен во живописна долина и познат по термалните извори, елегантните колонади и раскошната архитектура. Град со посебен шарм, создаден за прошетки, уживање и прекрасни фотографии.

 

Крстарење во Влтава

Цена за пакет: 20€