Појадок. Ден предвиден за факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, веројатно најубавиот средновековен град во Италија, вечниот ривал на Фиренца. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад Il Campo, познат по трките со коњи Palio кои тука се одржуваат два пати годишно. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni и плоштадот.. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во договорено време патувањето го продолжуваме кон Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско ридско градче, лоцирано југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Градот на Убавите кули од 1990год. заради своето богато историско и културно значење е под заштита на УНЕСКО. Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи шафран, одлично црвено и бело тосанско вино и оригинални тоскански десерти. Слободно време за индивидуални прошетки.. По завршување на разгледот враќање во хотел. Слободна вечер за уживање низ Монтекатини Терме. Ноќевање.
5. ден 26.10.2025 (недела) ФИРЕНЦА
Појадок. После појадокот заминување за посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме доволно слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за посета во некои од музеите, дегустаија на локални производи во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
6. ден 27.10.2025 (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во попладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА со пријава на пакет екскурзии: 189€/11.718 мкд
Редовна цена на аранжманот: 229€/14.198 мкд
(уплата во денари по курс 1€ = 62 мкд; по лице за најмалку 2 лица во соба)
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Автобуски превоз со високотуристички автобус
• 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во центарот на Монтекатини
• Организирана посета на Болоња и Пиза
• Организирани разгледи според програмата
• Туристички придружник
• Бесплатен трансфер од Неготино, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Туристичка такса во хотел (3€ по лице од ноќ)
• Патничко осигурување
• Чинкве Тере: 50€
• Сиена и Сан Џимињано: 50€
• Фиренца: 30€
Промо пакет факултативи: 120€ наместо 130€!
Важни напомени:
• За ова патување потребен е биометриски пасош со валидност од минимум 6 месеци
• За резервација потребен е 30% депозит
• Можност за избор на седиште со доплата (минимум 2 седишта)
• Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица
• Доплата за еднокреветна соба: 80€
• Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
• Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
• За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата или промена на цената.
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
• Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.