НОВА ГОДИНА 2026
ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - НОРВЕШКА
ЛЕТО 2025 - СКАНДИАНВИЈА
Автобуски патувања - Богутовачка Бања
Богутовачка Бања
Hotel Mineral – Bogutovačka Banja
Сместена на надморска висина од 530м, меѓу планинските масиви Троглав, Жељин и Столови, Богутовачка Бања нуди идеални услови за одмор, лекување и рекреација. Климата е умерена и стабилна, без силни ветрови и магла, а природната околина зрачи со мир и чист воздух. Минералната вода која тука извира е со температура од 25-27°C и е богата со магнезиум, калциум, натриум, железо и други корисни елементи, истата се користи и за капење и за пиење. Бањата е позната како „Неуро спа“, бидејќи со своите природни својства позитивно влијае на нервниот систем. Дополнета со т.н. Патеки на здравје претставува идеална дестинација за релаксиран краток одмор. 
 
Програма на патување
 
1.Ден 23.10.2025  (четврток) СКОПЈЕ – БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.00 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 05.30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање. 
 
2.Ден 24.10.2025 (петок) БОГУТОВАЧКА БАЊА – КРАЉЕВО 
Појадок. Moжност за  факултативна посета на Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот со водич (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црка Света Тројица, Храм Свети Сава...) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Ручек. Слободно време за релаксација и уживање во базените. Вечера. Ноќевање.
 
3.Ден 25.10.2025 (сабота) БОГУТОВАЧКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Moжност за  факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на вклучени во цената.  Ноќевање.
 
4.Ден 26.10.2025(Недела) БОГУТОВАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.
 
ПРОМО цена за пријави до 25.09.2025 - 175€/10.850ден
Редовна цена на аранжманот 195€/12.090ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
 
Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел Минерал 3* во двокреветни соби на база 3 ноќевања 
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
- Користење на базен со лековита вода 
- Користење на рекреативни базен со температура на водата до 28 степени, тепидариум и парно купатило 
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативна посета на манастирот Жича со водич - 10€ (доплата на лице место)  
- Факултативна посета на Краљево 10€ (доплата на лице место) 
 
Попусти и опционални доплати:
- Дете до 4 год. во придружба на 2 возрасни (дели легло)  бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
- Дете 4-10 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 115€/ 7.130ден (на барање)
- Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање) 
- Доплата за еднокреветна соба 45€/2.790 (на барање) 
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден 
- Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник
 
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.