ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - ШПАНИЈА
ЛЕТО 2025 - ШПАНИЈА - Автобуска програма
Автобуска програма
 

ШПАНИЈА   Лето 2025

                    Коста брава – Азурен Брег – Венеција

Венеција-Верона-Барселона-Кан-Ница-Монако-Монте Карло

 Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала”, со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар на Коста Брава –  ЛОРЕТ ДЕ МАР +++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.        

                  

Пакет аранжман со АВТОБУС.                         

                         Термини: 12,18 Јуни     *   10, 24 Јули   *    21,28 Август     *    02, 08 Септември 2025      

1 ден
 

СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА:

Состанок на групата во 12.00ч. Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.
 
2 ден
 

ВЕНЕЦИЈА – ВЕНЕТО Регија:

Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки. Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
3 ден
 

ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР:

Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој (9 часа) и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.
 
4 - 10 ден
 

ЛОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч. Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок, 6 полу пансиони или 6 полни пансиони, по ваш избор. За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, AQUARIUM, PUEBLO ESPANOL, GAME OF TRONS TOUR (GIRONA +FIGUERAS), FLAMENCO SHOW, …
 
10 ден
 

ЛОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани* во вечерните часови kako и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.
 
11 ден
 

АЗУРЕН БРЕГ: Кан - Ница

Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан. Кан, – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета. Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница. Ница, – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како ‘Belle Epoque”. Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”, плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.
 
12 ден
 

АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ - МОНАКО:

Појадок. Го напуштаме хотелот. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминуваме покрај средновековниот град Ез и ја посетуваме најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени. Продолжуваме кон гламурозната Кнежевина Монако. Почнуваме со прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички...Слободно време за индивидуални разгледи. Пешачиме кон Монте Карло покрај пристаништето со луксузни јахти, патеката каде се вози Формула1 и се упатуваме кон центарот на МОНТЕ КАРЛО за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина. МОНАКО – СКОПЈЕ: Во попладневните/вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.
 
13 ден
 

СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА за уплата до 15 Март 2025 + ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН ВО ШПАНИЈА

  Лето ШПАНИЈА 2025
Цени по лице за пакет аранжман во еврa. 

 
              Сопствен закуп      
                     
      Јуни   Јули              Август    Септември  
    12 18 10 24 21 27 2 8  
  НП 579 599 649 659 599 589 579 579  
  НП 515 535 569 579 529 525 525 525  
 * ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до15.Март.2025  
                     
                     
                     
      Јуни    Јули               Август    Септември  
    12 18 10 24 21 27 2 8  
  НП 599 619 669 679 629 599 599 599  
  НП 529 539 585 589 559 539 539 539  
  НП 459 469 499 505 479 469 469 469  
 * ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до15.Март.2025  
                     
                     
                     
      Јуни    Јули              Август   Септември  
    12 18 10 24 21 27 2 8  
  НП 609 629 679 689 639 619 619 619  
  НП 539 549 589 599 569 549 549 549  
  НП 469 479 549 509 489 469 469 469  
* ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до15.Март.2025  
                     
                     
                     
      Јуни    Јули              Август    Септември  
    12 18 10 24 21 27 2 8  
  НП 599 629 689 699 699 619 599 599  
  НП 569 599 655 679 679 585 569 569  
  НП 465 475 515 525 525 469 465 465  
                     
* ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15.Март.2025