ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Будва

Нова Година 2022: Будва - Escape Travel Agency

За патувањето

Будва за Нова Година e популарна поради Балканските изведувачи и прекрасната програма на плоштадНа ова екскурзија имате можност да ги посетите Дубровник, Котор и Тиват, во продолжение можете да ја прочитате програмата по денови…

 109 eвра /6.758 мкд за резервации до 31.10

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 129 евра /8.000 мкд

29.12.2024 (Недела) СКОПЈЕ – БУДВА
Состанок на групата во 22:00 часот и заминување за Црна Гора во 22:30 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на арнжманот.

30.12.2024 (Понеделник) – БУДВА
Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот со локален водич. Сместување. Слободно време за индивиуални активности. Ноќевање.

31.12.2024 (Вторник) – БУДВА-ДУБРОВНИК
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море. Разглед на градот со локален водич… Слободно време за прошетка низ Дубровник. враќање во Будва. Индивидуален дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање.

01.01.2025 (Среда) - БУДВА –КОТОР – ТИВАТ - СКОПЈЕ
Среќна Нова Година .Напуштање на собите. Заминување на екскурзија. Првото место што се псоетува е местото Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патниците кои нема да одат на овој факултативен излет имат слободно веме. Во договорено место и време се собират од Будва и поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје после полноќ. 

Што е вклучено:
Автобуски превоз
2 ноќевања во приватни вили.
Организирана прошетка во Будва
Туристички придружник за време на престојот
Организација и реализација на аранжманот

Не е вклучено:

Патничко осигурување (се вади во агенција
Туристичка такса 2 евра од лице. Се плаќа задолжително во автобус
Факултативен излет до Тиват и Котор – 30 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата
Факултативен излет до Дубровник – 35 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)