Автобуски патувања - Нови Сад & Белград
Нови Сад & Белград

1 ден 04.12.2020 (петок) СКОПЈЕ - НОВИ САД

Состанок на групата во 22:00 часот на Дрводекор и тргнување за Нови Сад. Ноќно патување низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. 

2 ден 05.12.2020 (сабота) НОВИ САД

По пристигнувањето следува организиран разглед на градот со придружба на локален водич. Ке ја посетиме Петроварадинската тврдина, таканаречена ГИБРАЛТАР НА ДУНАВ, чиј камен темелник бил поставен во 17тиот век а градењето траело цели 88 години. Ова ремек-дело на воената архитектура од кое се пружа преубав поглед на градот има бројни подземни тунели кои се протегаат на 120 хектари површина. Еден од симболите е саатот сместен на највисоката точка на тврдината, наменет за патниците кои што пловат низ Дунав.

Во продолжение на разгледот ке го посетиме строгиот центар на Нови Сад, Дунавската улица, паркот, неоготската и римокатоличката катедрала, владичиниот двор, градската куќа и друго. Слободно време за индивидуална прошетка. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна вечера со тамбураши. Ноќевање

3 ден 06.12.2020 (недела) НОВИ САД - СУБОТИЦА - ПАЛИЧКО ЕЗЕРО - СОМБОР

По појадокот се упатуваме кон Суботица, следува организиран разглед на градот со локален водич. Суботица е најсеверниот град во Србија и второ најголемо урбано население во Војводина. За разлика од другите градови во Европа во Суботица не доминира велелепната катедрала или импозантната црква туку Градската куќа, ремек дело на Унгарската сецесија изградено во 1912 година. На плоштадот се наоѓа барокната катедрала а веднаш до неа е споменикот на жртвите на фашизмот- најголемиот споменик во Суботица. Следува возење околу познатото Паличко езеро кое заради својата геолошко-еколошка вредност е прогласено за заштитен природен парк. Паличкото езеро со своите термални води, песочни плажи и раскошната архитектура навистина пружа многу. Не е ни чудо што некогаш било монденска дестинација на богатата аристократија. Пристигнување во ВИНАРИЈАТА БОГДАН која е опремена со најсовремената француска технологија и го носи името на познатиот пеач од Суботица господинот Звонко Богдан. Обиколка ва винаријата со можност за винска проба. Потоа се упатуваме кон градот Сомбор - град со богата културна градина и раскошна историја со епитет на најзелен град во Европа. Разглед на градот, градската куќа, плоштадот на светото тројство, сончевиот саат и др. Сомбор го опкружуваат 18 салашки населенија. Предлагаме посета на едно селско  домаќинство за да имаме прилика да уживаме во свечен бачки ручек за кој што лани имаат добиено награда на националниот саем за туризам. Ноќевање

4 ден 07.12.2020 (понеделник) НОВИ САД - БЕЛГРАД - СКОПЈЕ

По појадокот се упатуваме кон Белград, пристигнување на студентскиот плоштад во Белград. Слободно време за прошетка и шопинг низ најпознатата улица Кнез Михајлова, посета на Калемегдан. Во договорено време тргнување кон Македонија со попатна посета на ИКЕА.

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2020: 69 евра / 4278 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 80 евра / 4960 денари

 

 Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
- Организација на патувањето и пратител

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Свечена вечера со тамбураши 15 евра
- Факултативна посета на Суботица - Паличко езеро 25 евра
- Патничко осигурување 200 ден.

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
- Се патува без PCR тест
- Хотелот ќе го знаат патниците на 2 дена пред поаѓање
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Се патува со лична карта или пасош
- За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ