ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2023 - ЦРНА ГОРА
Thassos - Vila Floral Studios 2 - Potos
Vila Floral Studios 2 - Potos

15% попуст за целосна уплата до 26. декември 2022
Напомена: Секоја резервација без уплата е валидна само 24 часа.

Тасос е најсеверниот остров на Егејскиот архипелаг. Заради бујната вегетација, честопати го нарекуваат „Зелениот Остров“ или „Смарагниот Остров“. До него се пристигнува по убав автопат од Солун преку Кавала до Керамоти, од каде со фериброд  се преминува на островот. Пловидбата трае околу 40 минути, а на тој пат ќе ве следат јато галеби кои можете да ги фотографирате додека се насладуваат од вашата дланка. Тасос е карактеристичен и по пријатната клима во воздухот кој никогаш не е презаситен со влага ниту пак со тропски температури a четинарската шума го заштитува од ветрови. Потос се наоѓа на самиот југ од островот и има преубава песочна плажа која се наоѓа во самиот центар на градот. Местото изобилува со маркети, таверни, сувенирници, аптека и најразлични содржини за туристите. Тоа е нашата нова дестинација за ова лето.

Доколку  за време на вашиот летен одмор сместувањето Ви е подеднакво значајно колку и убавата плажа и чистото море, тогаш сосема сме убедени дека вилата „Floral Studios-2” во целост ќе ги задоволи вашите очекувања. Вилата се наоѓа во строгиот центар на Потос, на само 100 метри од преубавата плажа. Има шест студија и еден апартман. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата имаат сопствени купатила и тераси  а сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. На последниот спрат од вилата има пространа тераса со преубав поглед на море која им е на располагање на сите гости во вилата.

 

Вила “Floral Studios-2” – Потос (Тасос)

Термин:

Ноќи:

1/2 студио

1/2 +1 студио

 

1/3 студио

 

1/3+1 студио

1/4 апартман

(дуплекс)

28.05-04.06.2023

7

200  (12.400)

230  (14.260)

250 € (15.500)

270  (16.740)

330  € (20.460)

04.06-14.06.2023

10

300 € (18.600)

330  (20.460)

370 € (22.940)

400  (24.800)

500  € (31.000)

14.06-24.06.2023

10

400 € (24.800)

430  (26.660)

470  (29.140)

500  (31.000)

600  € (37.200)

24.06-04.07.2023

10

500  (31.000)

530  (32.860)

570 € (35.340)

600  (37.200)

700  € (43.400)

04.07-14.07.2023

10

550  (34.100)

580  (35.960)

620 € (38.440)

650  (40.300)

800  € (49.600)

14.07-24.07.2023

10

550  (34.100)

580  (35.960)

620  (38.440)

650  (40.300)

800  € (49.600)

24.07-03.08.2023

10

550  (34.100)

580  (35.960)

620  (38.440)

650 € (40.300)

800  € (49.600)

03.08-13.08.2023

10

550 € (34.100)

580  (35.960)

620  (38.440)

650  (40.300)

800  € (49.600)

13.08-23.08.2023

10

550 € (34.100)

580  (35.960)

620  (38.440)

650 € (40.300)

800  € (49.600)

23.08-02.09.2023

10

500  (31.000)

530  (32.860)

570  (35.340)

600  (37.200)

750   (46.500)

02.09-09.09.2023

7

320  (19.840)

350  (21.700)

380  (23.560)

400  (24.800)

500   (31.000)

09.09-16.09.2023

7

280  (17.360)

310  (19.220)

350  (21.700)

380  (23.560)

450   (27.900)

16.09-23.09.2023

7

250  (15.500)

280  (17.360)

320  (19.840)

350  (21.700)

400   (24.800)

23.09-30.09.2023

7

200  (12.400)

230  (14.260)

270  (16.740)

300  (18.600)

350   (21.700)

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман без вклучен превоз

- Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

- Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа на лице место кај сопственикот на вилата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари