НА ВАШЕ БАРАЊЕ секоја недела посета на божиќното село во ТРИКАЛА и попатна посета на Метеори
Датуми на планирани посети:
*26.11.2023
*03.12.2023
*08.12.2023
*10.12.2023
*17.12.2023
*24.12.2023
Барем на еден ден да си дозволиме да живееме во светот на фантазиите, да ја почувстуваме божиќната магија, ќе ја посетиме куќата на Дедо Мраз, фабриката за чоколади и колачиња, ќе го вкусиме прекрaсното греено вино, ќе одиме и во работилницата за изработка на икони во Метеори….
Ве очекуваат незаборавни моменти исполнети со многу изненадувања, забава и среќa..
Програма:
Собир на групата на Дрводекор. Планирано поаѓање од Скопје 03:00. Патуваме преку граничен премин Богородица. Попатно застанување во Велес, Неготино и Гевгелија. Пристигнување во Метеори. Следува посета на Големиот манастир или манастирот Варлаам (планирано време на задржување за прошетна и разглед на Метеори – 2часа). Собир со групата во договорено време и се упатуваме во работилницата каде се изработуваат икони, разни сувенири, подароци….Се прави кратка презентација и патниците ќе имаат слободно време за пазарување од продавницата.
Потоа одиме на ручек во таверна. Во договореното време планирано време за поаѓање кон божиќното село во Трикала. Слободно време за прошетки, фотографирање и уживање во прекрасниот амбиент. Во договор со водичот собир со групата и поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена по лице 2000 мкд
Цена за деца до 12год: 1800мкд
НАПОМЕНА:
ВЛЕЗНИЦА ВО МЕТЕОРИ 3€, задолжително носење на здолниште за влез во манастирите бидејќи истата е со наплата
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 50 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Од моментот на резервација до 3 дена пред тргнување патникот може само да направи промена на резервација односно да промени термин за истиот вид на патување (доколку има места)
- За отказ или промена од 2 дена до пред тргнување агенцијата го задржува правото на задршка на 100% од аранжманот.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ