SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Љубљана

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ЉУБЉАНА
(СО ПОСЕТА НА ШАРМАНТНИОТ ГРАЦ)
(15.12.2022-19.12.2022)

Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете ја Љубљана, градот кој Ве повикува со мирисот на варено вино, топол чај и печени колбаси... Ако пак сакате да бидете дел од урбаната магија на романтичните саеми, светликави улици и магични предбожиќни настани, тогаш дојдете со нас во Грац, градот кој уште го нарекуваат помалата сестра на Виена!

Прв ден: 15.12.2022 година (четврток)
20:00 часот Заминување на групата од Скопје кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 16.12.2022 година (петок)
Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Организиран разглед на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Прешерневиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн... Потоа сместување на групата во хотел „Park“ 3*** во центарот на Љубљана во двокреветни соби (www.hotelpark.si). Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки низ двете раскошно украсени улици кои се наоѓаат од двете страни на реката Љубљаница каде се распослани божиќните штандови кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и со мноштво миризливи колачи и топли пијалоци. Ноќевање.

Трети ден: 17.12.2022 година (сабота)
Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед на Грац, живописен град покрај реката Мура кој во 2003-та година е прогласен за престолнина на културата. Стариот дел на градот кој се наоѓа под ридот на замокот изгледа уште поромантично и побајковито кога е осветлен со празнични светилки, а божиќните штандови се украсени со божиќни и новогодишни украси и се полни со разновидни и вкусни деликатеси. Најпрво со жичара ќе се искачиме на ридот на замокот, а од таму ќе се спуштиме до центарот на стариот град и ќе ги видиме главните градски атракции: старата дворска пекара, Катедралата, главниот Плоштад со Градското Собрание, Палатата на селските станови со ренесансен двор... Од пешачкиот мост над реката Мура ќе имаме поглед на пловечкиот остров во облик на школка на реката Мура и на уметничката куќа „Kunsthaus“. На крајот од организираниот разглед ќе ја видиме сцената на Исусовото раѓање која е симбол на божиќниот маркет во градот. Најпознатата атракција е всушност ледена скулптура направена од приближно 40 тони мраз поставена во дворот на замокот Landhaushof, а целата сценографија е речиси совршена и уникатна особено во вечерните часови, кога сите фигури се дополнително осветлени со безброј светилки кои придонесуваат целата сцена да изгледа уште поатрактивно и помоќно. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот. Во договореното време враќање во хотелот во Љубљана. Ноќевање.

Четврти ден: 18.12.2022 година (недела)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 219 евра (13.580 денари)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотел „Park“3*** во Љубљана
  • Целодневен излет до Грац-Австрија
  • Билет за жичарата во Грац
  • Локален туристички водич за разглед на Љубљана и Грац
  • Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба - 55 евра (за двете ноќевања)
  • Туристичка такса во Љубљана (се плаќа во агенцијата) – 400 денари за двете вечери
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници