SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Болоња

369 еур. по лице, вклучени аеродромски такси (за првите 10 места)

16.12. - 19.12.2022

Авио билет, трансфери, 3 ноќевања со појадок во хотел, разглед на Болоња со локален водич,пратител на групата ...

 

 

Скопје – Болоња

Состанок на групата 2 часа пред полетување , на аеродром Александар Велики во Скопје. Лет за Болоња во 19:20 ч. , слетување во Болоња во 21:10 ч. Организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

Ден(а) 2

Болоња

Појадок во хотел. По појадокот следува разгледот на градот најпознат по карактеристичните специјалитети од италјанската кујна но и по најстариот универзитет во Европа. Ќе прошетаме низ стариот дел од градот, препознатлив по бројните средновековни кули и плочници во форма на аркади по должината на поголемите улици, а со посебна убавина плени најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун.Ги разгледаме најпознатите знаменитости на градот: базиликата San Petronio, Универзитетот, Due Tori, Палатата Банки (Palazzo dei Banchi), Палатата Нотаи (Palazzo dei Notai), Палататa Акурсио (Palazzo d’Accursio), Плоштадот Маџоре (Piazza Maggiore) и секако да се проба оригиналниот сос за паста кој го носи нејзиното име...По завршување на разгледот остануваме во центарот на градот каде се случува Божиќниот базар кој изобилува со превкусна храна. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

Ден(а) 3

Болоња – Фиренца – Болоња

Појадок. По појадокот се упатуваме кон Фиренца (факултативно , со доплата), лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата Медичи кои владееле од XIV- XVII век, познати како големи мецени на уметноста и културата. Разглед на градот со водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот Понте Векио, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање назад во Болоња. Ноќевање.

Ден(а) 4

Болоња – Парма – Модена - Болоња - Скопје

Појадок. По појадокот можност за организирање на факултативна посета на Модена и Парма. Парма е втор по големина град во провинцијата Емилија-Ромања, кој е најпознат по производство на познатото сирење пармезан и Парма шунката. По пристигнувањето разглед на градот – плоштадот Гарибалди, романската катедрала и крстилница од 11 век, Епископската палата…Слободно време. Во договорено време се упатуваме кон Модена. Тоа е трет по големина град во провинцијата Емилија-Ромања, центар за производство на “Aceto balsamico” .Исто е позната и како “престолнина на автомобилите”, бидејќи тука се наоѓаат фабриките на најпознатите италијански производители на автомобили, како што се Ферари, Пагани, Масерати и Де Томасо. По пристигнувањето, разглед на центарот на градот – Дуомо, Torre della Ghirlandina – кула која е симбол на ривалството меѓу Модена и Болоња. По разгледот слободно време за прошетка и индивидуални активности.Во договорено време сe упатуваме кон аеродромот во Болоња.Полетување за Скопје во 21:25 ч. Слетување во 23:05 ч.

 

 

Дополнителни информации

Во ценета е вклучено :

-          Авио билет Скопје – Болоња – Скопје

-          Аеродромски такси

-          Рачен багаж

-          Трансфер аеродром – хотел - аеродром

-          3 ноќевања со појадок во Болоња

-          Разглед на Болоња

-          Пратител од агенција

Во цената НЕ е вклучено:

-          Факултативна посета на Модена и Парма  - 55 еур

-          Факултативна посета на Фиренца + разглед со локален водич - 65 еур

-          Туристичка такса

-          Здравствено осигурување

-          Чекиран багаж

-          Влезници за локалитети и карти за јавен превоз

-          Индивидуални трошоци

Напомена : Пријавување на факултативи во агенција.За реализација на истите потребно минимум 14 пријавени патници !!

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ