ЛЕТО 2021 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2021 - ТУРЦИЈА
Авионски Програми - Кабо Верде
Кабо Верде

 

Островот Сал, Кабо Верде – рајскиoт остров на Африкa 

Директен чартер лет от Софија

 

23.10-30.10.2021г.

 

Кабо Верде е островска држава, сместена до  бреговите на Западна Африка. Позната најмногу по топлата клима и прекрасните плажи Кабо Верде  е една од најтешко достапните туристички дестинации поради ретките летови. Како и да е, туристите што бараат плажи и авантури ќе бидат апсолутно задоволни од нивниот престој овде по релативно разумни цени.

Островот Сал нуди одлични плажи, песочни дини и одлични услови за сурфање и сурфање на ветер. Тука е навистина исклучително тивко, па дури и во најпосетуваните одморалишта - како Санта Марија, нема да наидете на огромен број туристи.

ПРОГРАМА

8 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА

Прв ден

Директен чартер лет од Софија до островот Сал, Кабо Верде во 09:00 часот. Пристигнување на островот во 13:45 часот. Средба со партнерската компанија и трансфер до хотелот. Сместување и ноќевање.

Втор ден

Појадок. Информативен состанок за запознавање со дополнителните екскурзии кои се плаќаат на лице место. Слободно време. Ноќевање

Трет ден

Појадок. Слободно време за плажа или можност за факултатива.

Обиколка на Остров Сал ( 45 евра – доплата на лице место ).

Денес ке имате цел ден на располагање за разглед на островот Сал. Обиколката ќе започне од прекрасната плажа Igrijinha, пос.ле тоа ќе ја посетиме напуштената плажа на Монте Леао преку заливот Murdeira, каде  има можност да се види малиот град Palmeira и неговото трговско пристаниште. Можност за посета на природните базени на Арагон и Буракона.

Патувајки на Исток ќе ја пресечеме Зоната на Миражите – Terraboa, каде ке поминеме низ местата за одгледување на локални производи.

По пристигнувањето во Педра де Луме, каде ќе биде и  ручекот, ќе имате можност за неверојатната глетка на вулканот. Накратко ќе го посетиме и  главниот град Еспаргос. На крај на обиколката ќе застанеме на Dune Beach "Понта Прета", каде ќе има можност за плажа. Враќање во хотел. Ноќевање.  

Четврти ден

Појадок. Слободно време за плажа или можност за факултатива.

Салина Релакс - "SPA во вулкан" ( 45 евра – доплата на лице место ).

Името на островот Сал означува „Остров на солта“.  Тука нема планини само кратери (Педра де Луме) на изгаснат вулкан, чија основа направила природен солник. Океанската вода, достига до дното на кратерот преку подземни канали,  испарува, оставајкии дебел слој од сол. Се посетува и CrioulaBeautyCenter, каде убавата природа, тишината и спокојството допринесуваат за задоволство и  релаксирање на гостите. Тука ќе имате можност да направите бањање во кал или масажа со сол, да се потопите во базените со морска вода со различна концентрација на соленост. Во малите базени, благодарение на високата соленост, телото ви се задржува на површината. Водите на рудниците за сол на познатиот вулкан на Педра де Луме се 25 пати посолени од океанот и имат терапевтски и лековити својства. Ноќевање.

Петти ден

Појадок. Слободно време за плажа и запознавање на островот.

Ноќевање.

Шести ден

Појадок. Слободно време за плажа или можност за факултатива.

Quad тура ( 75 евра по лице – доплата на лице место).

За време на турата со quad, пред Вас ќе се откријат пејзажи и незабравни глетки, тешки за достигнување со други превозни средства. Ќе имате возможност да се насладите на многубојните пејзажи на островот: црни патишта, глина, пустини од вулканска маса, златни плажи и диви дини. Времетраењето  на турата е од два до четири часа.

Ноќевање.

Седми ден

Појадок. Слободно време за плажа или можност за факултатива.

Катамаран ( 55 евра – доплата на лице место).

На катамаран "Арматоре" ќе уживата на една одлична морска прошетка.

Од пристаништето на Palmeira се достига до прекрасниот залив на Murdeira, каде по  спучтањето на котвата ќе имате можност да пливате, гњурите и да пробате риба од дното. Ручек. Ноќевање.

Осми ден

Појадок. Одјавување од собите и трансфер до аеродромот за лет во 10:45 ч. од островот Сал до Софија. Пристигнување на аеродромот во Софија во 22:50ч.

Забелешка: Цените за факултативите подлежат на можни промени и  се препотврдуваат од локалниот партнер на лице место по пристигнувањетo

Пакетни цени

 

Хотел

Услуга

По лице во

Двокреветна

соба

Еднокреветна соба

   Трет возрасен

Дете до 12 год. Со 2 возрасни


Halos Casa Resort"4+*

 

 

Half Board

999 евра

1350 евра

 

990  евра

 

800  евра


Halos Casa Resort"4+*

 

 

All inclusive

1148  евра  

1410  евра  

 

1124  евра  

 

818  евра  

Sobrado Hotel 4*

Half Board

1140 евра

1375  евра  

1110  евра  

945  евра

  VOI Villa do Farol Resort 4*

 

All inclusive

1380  евра  

1590  евра  

1195  евра

1030 евра

Riu Funana 5*

All inclusive

1445 евра

1705  евра

1380  евра  

842 евра

Riu Palace 5*

All inclusive

1770  евра

2088  евра

1615  евра  

842  евра

Riu Adults Only 5 *

All inclusive

1490  евра  

1760  евра

1410  евра

 

N/A

HILTON CLUB CABOVERDE 5*

Bed & Breakfast

1596  евра

2220  евра

1596  евра  

951 евра

 

Цената вклучува:

Авионски билет за лет Софија - Остров Сал, Кабо Верде - Софија со вклучени аеродромски такси и багаж 15кг. По лице со АК“Бугарија ЕР“;

7 ноќевања во избраниот хотел на соодветна услуга;  

Трансфер аеродром-хотел- аеродром

Водич,  кој ќе ја придружува групата за време на целиот престој;

Информативна средба во избраниот хотел за планирање на екскурзиите

 

Цената не вклучува:

             Трошоци од личен карактер;

             Храна, пијалоци и услуги, неспомнати  во програмата;

             Патничко осигурување

Информации  за лет:

Софија 09:00 - Малага 12:50 ( техничко запирање )

Малага 13:30 – Остров Сал 13:45

 

Остров Сал 10:45 – Малага 17:45 ( техничко запирање)

Малага 18:25 – Софија 22:50

Услови:

Понудата важи при минимум 140 туристи.

     Патуването е без медицински барања за имунизација.

100% доплата 30 дена пред поагање

Депозит при резервација 500 евра.

 

Потребни документи :

  • Меѓународен пасош со валидност минимум 6 месеци од датата на враќање.
  • За деца под 18г., кои патуваат без родители - нотарски заверено родителско решение за напуштање од страна на родителот кој не патува (оригинал и 1 копија). За деца, чии родители се со различни фамилии, се бара копија од извод на раѓање, во кое се запишани и двата родители.

Рокови за отказ и пенали:

До 45 дена пред датата на заминување – без пенали;

Од 44 до 34 ден пред заминување – пенали во размер од 500еур.

Од 34 дни до датата на заминување, вкупниот износ од цела програма.

Откажување без пенали  и враќање на сумите:

  • Во случај на откажување на патувањето од страна на агенцијата, износот се враќа     во рок од 7 дена од денот на откажувањето;
  • Во случај на неможност за патување поради забрана или ограничување поради епидемиолошка состојба поврзана со ковид 19, платениот износ ќе се врати во целост во рок од 14 дена од денот на поаѓање.