SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Истанбул

Истанбул за 8 ми Декември 3 ноќи
Редовна цена 129е по лице
Промо цена 119е по лице

ПРВ ДЕН 07.12 (среда)

Турата стартува од паркингот на ВИП Хотел околу 16:00 часот од Скопје.Ноќно возење со попатни паузи,царински формалности,презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена.Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето.Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање,во врска со точното време и место на поаѓање.Седиштата во автобус с нумерирани според датите на уплата.Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.

ВТОР ДЕН 08.12 (четврток)

Пристигнување на групта во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж.Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Check in во хотелот е после 14:00 часот

По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот,а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот,а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата.

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Се посетува Железната црква,каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

ТРЕТ ДЕН 09.12 (петок)

По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење,незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони,знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии.На самото пристаниште,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Берлејбеј
Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.   

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави!Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

ЧЕТВРТИ ДЕН 10.12 (петок)
По појадокот групата има слободно време. Во попладневните часови се упатуваме кон посета на Облакодерот Сафир и Ортаќој

Облакодерот “Сафир”

Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул.Сафир е облакодер каде што со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата и каде што има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед.Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон Европската и Азиската страна од градот.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијата од 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул.

Ортаќој

Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул.Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост.Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробат традиционалниот специјалитет Турски Компир и да ги направат најубавите фотографии.

ПЕТТИ ДЕН 11.12 (сабота)

По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“тука можете да си земете нешто и за дома локуми,баклави,чоколадирани ф’стаци,лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки.Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.

Од историја,култура,животен стил па се до шопинг.

Кој не би сакал шопинг?

Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.

По шопингот,поаѓање кон Македонија.

Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Што е вклучено во цената
Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз,Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Посета н Капали Чаршија
Туристичка такса
Посета на турската продавница “КОСКА”
Шопинг во 212 Центарот

Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Факултативни излети
Индивидуални трошкови

Важно
Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р.Турција.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

 

Факултативни излети

Oблакодер Сафир и Таксим Плоштад 35еур

Оваа факултатива се купува како пакет,а во неа се вклучени облакодерот Сафир со вклучена 7D проекција и посета на Таксим.

Балат и Галата Порт 20еур

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Се посетува Железната црква,каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

Крстарење по Босфор,Ускудар,Emmar Square Mall,Watergarden 60 еур

Крстарење по Босфор-2 часа  крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин.На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.

Паноирамски разглед-Откако ке се симнеме од бродот имаме панорамски разглед на азискиод дел на Истанбул, а вие ќе уживате додека локалните  водичи ќе ви раскажуваат за познатите легенди за Моминската Кула,Михримах Џамијата, легендите за трите моста кои ги поврзуваат Европа и Азија и уште многу други знаменитости.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Имате можност да седнете во рестораните покрај Босфор и да уживате во прекрасниот поглед.

 Emmar Square Mall, Watergarden-Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.