SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Белград

8 ДЕКЕМВРИ
БЕЛГРАД И НОВИ САД

08.12 (четврток)                СКОПЈЕ - БЕЛГРАД

Состанок на групата во 2.30 часот на договорено место, тргнување за Белград во 3.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности.Пристигнување во Белград во  утринските часови. Разгледyвање на градот со стручен локален водич: хотел Москва, Кнез Михајловата улица, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, Калемегдан... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Можност за вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.

09.12 (петок)              БЕЛГРАД – НОВИ САД

Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Попатно разглед на Сремски Карловац (Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови …)Продолжуваме кон Нови Сад.Разглед на градот: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн... Слободно време за индивидуални прошетки.Во договорено време враќање назад во Белград. Ноќевање.

10.12(сабота)      БЕЛГРАД - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Тргнување кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Ушќе и ИКЕА. Во доцните попладневни часови се упатуваме назад кон Скопје. Патување со куси паузи за одмор и царински формалности. Пристигнвање во Скопје во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 89 евра (5.520 мкд.)

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3***
  • Разгледување на Белград со стручен локален водич
  • Посета на трговскиот центар Ушќе
  • Придружник - пратител на групата за време на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Целодневна посета на Нови Сад  и Сремски Карловац - 25 € (за минимум 30 пријавени патника
  • Вечера во ресторан на Скадарлија -25 €
  • Крастарење по Дунав – 20 €
  • Задолжително патничко-здравствено осигиривање
  • Туристичка такса 170 денари по лице (се плаќа во агенција)

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ