ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Мароко

Мароко е кралство кое се наоѓа на северозападниот дел на африканскиот континент, во регионот познат како Магреб, на бреговите на Атлантскиот Океан и Средоземното Море. На север граничи со шпанските енклави Сеута и Мелила, на исток и југо-исток со Алжир и на југ со територијата на Западна Сахара, која е под мароканска контрола. Мароко станала независна монархија во 1956 година, а една година подоцна султанот Мухамед се прогласил за крал. Тоа е земја со богата историја, од која исламистичките војски тргнале да го освојат Иберскиот Полуостров, каде античките Берберски народи се мешале со Арапски и Француски новодојденци. Во Мароко се и империјалните градови Фез, Мекнес, Маракеш и Рабат, со различни бои и архитектура, како и различноста на нивните жители . Постојат различни бои низ целото кралство, полни со прекрасни сцени и волшебни приказни. Ако сè уште има земја во современиот свет од бајките на Шехерезада, тоа е секако Мароко. Најголемиот град Казабланка и Тангиер на северот на земјата исто така магично го привлекуваат вниманието на многу туристи кои ја посетуваат оваа земја во текот на целата година. Ова е патување во земјата од бајките што ќе го воодушеви секој посетител без исклучок.

Програма на патување:
1 Ден: 30.12.2019 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЗАБЛАНКА:
Состанок на патниците нa аеродромот „Скопје“ во 08:00 часот. Полетување за Истанбул  во 10:10 часот со лет PC352. Пристигнување во  Истанбул во 13:35 часот. Полетување за Казабланка во 20:15 часот со лет PC651. Пристигнување на аеродромот Мохамед во Казабланка во 23:20. Пречек од партнеот од Марако и трансфер до хотелот. Ноќевање.
2 Ден: 31.12.2019 КАЗАБЛАНКА - РАБАТ (94 км):
После појадокот со спакуван багаж, тура низ Казабланка, деловниот главен град на кралството, посета на плоштадот Мохамед В, плоштадот на Обединетите нации, квартот Хабсус, Кралската палата, резидентската област на Анфа и прекрасната џамија Хасан Втори и AinDiab Corniche наредени со базени и гастрономски ресторани. По ручекот заминување за Рабат, административниот главен град на Мароко. Откријте го „Империјал Гарден Сити“ со неговите главни споменици: градината Одејас, Хасан кула и Мавзолејот. Ќе ги видите и sидините на Мехуар кои ја опкружуваат Кралската палата. Сметување во хотел во Рабaт. Вечера. Ноќевање.
3 Ден: 01.01.2020 РАБАТ - МЕКНЕС –ВОЛУБИЛИС - ФЕС (207 км):
По појадокот, со спакуван багаж, продолжуваме со програмата за Фес преку Мекнес, каде започнуваме најпрвин со разгледување низ Мекнес, наречено „Марокански Версај“, која е основана на крајот на 17 век од Мулај Исмаил, современик на Луј XIV. Дополнително разгледување вклучува и Баб Ел Мансур, која се смета за најубавата порта во Мароко. Можност за ручек во локален ресторан. Поата продолжуваме со посета на римските урнатини на Волубилис на неколку километри од Мекнес. Продолжуваме до Фес , со вечера и ноќевање во хотелот.
4 Ден: 02.01.2020 ФЕС:
После појадокот, целиот ден ќе биде посветен на откривање на ФЕС, посета на средновековната Медина. Ќе ги истражуваме и познатите пазари каде занаетчиите сè уште работат со вековната ориентална традиција. Слободно време за ручек и продолжете со разгледот попладне. Препорачуваме – Еврејскиот кварт, Медина, Bou Inania Madrasa, Плоштад от Неџарин итн. Враќање во хотел и ноќевање со вечера.
5 Ден: 03.01.2020 ФЕС - БЕНИ МЕЛАЛ - МАРАКЕШ (480 км):
По појадокот, со спакуван багаж,  заминуваме за Бени Мелал, поминувајки покрај Азру, Берберско село, познато по својата занаетчиски изработки, како резба од дрво и килими. Пристигнување до Маракеш, вечера и ноќевање во хотелот.
6 Ден: 04.01.2020 МАРАКЕШ:
По појадокот, целиот ден ќе биде посветен на разгледување на Маракеш, основан од Алморавидес на крајот на 11 век. Маракеш е сместен во бујна оаза во подножјето на снежните планини Атлас. Ќе ги посетиме познатите градини Менара, џамијата Кутубија и палатата Бахија. Слободно време за ручек и продолжуваме со разглед на Медина и познатиот плоштад Јамаа Ел Фна. Враќање во хотел за вечера и ноќевање.
7 Ден: 05.01.2020 МАРАКЕШ - КАЗАБЛАНКА (240 км)
После појадокот, трансфер во Казабланка.Слободно време, пауза за ручек во ресторан на крајбрежјето на Казабланка. Слободно попладне, препорачуваме на шопинг во Marocco Mall. Tрансфер до аеродромот во Казабланка околу 20 чаост, за пвратен лет.
8 Ден: 06.01.2020 КАЗАБЛАНКА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ:
Лет кон Истанбул PC652 во 00:20. Пристигнување во Истанбул во 07:00. Лет за Скопје со лет PC 351 во 10:00, пристигнување во Скопје во 09:30 часот.

Хотел 4*

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

30.12.2019 – 06.01.2020

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

30.12.2019 – 05.01.2020

УСЛУГИ

5 HB + 1 BB

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

6Н / 8Д

Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 28.10.2019

1275 € / 79.050 мкд

Цена по лице во двокреветна соба 

1395 € /  86.490 мкд

Попуст за трето возрасно лице 

-50 € /  -3100 мкд

Доплата за еднокреветна соба

150 € / 9.300 мкд


Цената влучува: 

  • Авионски превоз Скопје – Казабланка– Скопје,  со вклучени аеродромски такси 
  • 6 ноќевања во Хотели со 4*(5 полупансиони + 1 ноќевање со појадок)
  • Вклучени разгледи и влезници според програмата
    • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром   
  • Техничко водство / Пратител на групата, доколку групата е над 15 патници
  • Лиценциран локален водич на англиски јазик

Цената не вклучува:

  • Влезна виза за Мароко (се вади во Софија, за повеќе информации и цена ве молиме обратете се во Агенција);
  • Опционалнодоплата за новогодишна вечера  
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Бакшиши за локалните возачи и водичи

Забелешки:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15.

  • За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.