ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Дидим

 

НЕЗАБОРАВЕН ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 ГОДИНА ВО ДИДИМ-ТУРЦИЈА ВО ЛУКСУЗНИОТ

„Venosa Beach Resort & Spa“ 5* на Ultra ALL Inclusive

(28.12.2019 – 03.01.2020)

Време е да си подарите новогодишна ноќ во еден од најлуксузните хотели во Егејска Турција...Четири ноќевања во стандардни соби... Услуга на база Ultra ALL Inclusive... Празнична Новогодишна вечера со неограничена конзумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци од локално потекло... Шоу програма со DJ, ориентални танци и многу изненадувања... Затворен базен со топла вода и спа центар (турска бања, сауна, фитнес центар, аеробик)

Прв ден: 28.12.2019 (сабота)

12.00 часот. Заминување на групата од Скопје и во 14.00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Турција. Дневно и ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори.

Втoр ден: 29.12.2019 (недела)

Во ноќните часови пристигнување во Галиполе и преминување на  Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Дидим. Во пладневните часови пристигнување во Дидим, еден од најпопуларните реони во овој дел од Турција. Сместување во хотелот „Venosa Beach Resort & Spa“ 5* лоциран на брегот од морето, на само 5 км од центарот на градот (https://www.venosa.com.tr/). Услугата во хотелот започнува со ручек. Слободно време за одмор од патувањето и за уживање во содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 30.12.2019 (понеделник)

Слободен ден за целосна релаксација и уживање во содржините на хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 31.12.2019 (вторник)

Слободно време за целосна релаксација и опуштање. Во 20.00 часот започнува Новогодишната празнична вечера со богато мени и неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци од локално производство. За забавата е ангажиран DJ, танчарки, лотарија и многу забава. Програмата во ресторанот завршува околу 02.00 часот. Ноќевање.

Петти ден: 01.01.2020 (среда)

Слободен ден за уживање во содржините што ги нуди хотелскиот комплекс. Ноќевање.

Шести ден: 02.01.2020 (четврток)

Појадок. Одјавување од хотелот во 11.00 часот и заминување кон Македонија. Патуваме повторно преку протокот Дарданели и Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во раните утринските  часови во петок, на 03. Јануари.

 

Промотивна цена за уплата до 01.11.2019....279 евра (17.300 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........299 евра (18.540 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30% аконтација до 01. Ноември и целосна доплата до 10. Декември

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Четири ноќевања на база Ultra ALL Inclusive  во хотелот „Venosa Beach Resort &Spa“ 5*

- Новогодишна празнична вечера со неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци од локално производство

- Користење на затворен базен со топла вода и спа центар (турска бања, сауна, фитнес центар, аеробик)

- Организација на аранжманот и  туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Патничко осигурување

 

Ultra ALL Inclusive програма:

- Појадок во основниот ресторан: 07.00-10.00 часот

- Доцен појадок: 10.00-11.00 часот

- Ручек: 12.30-14.30часот

- Вечера: 19.00-21.00часот

- Ноќен бифет (супа, паста и салати): 23.00-24.00 часот

- Снек бар: 14.30-17.00 часот

- Слаткарница (бисквити и торти):12.00-18.00 часот

 

Барови: бар на базенот (лесни, алкохолни и топли пијалоци) 24 часа

Ноќен клуб (лесни и алкохолни пијалоци): 23.30-02.00 часот

Фитнес, сауна, турска бања: 08.00-17.00 часот

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници