ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Kalamitsi - Vila Vrachos
Vila Vrachos

-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија.

Вилата Vrahos се наоѓа на само 20 метри од една од најубавите плажи на Ситонија-Каламитси. Лоцирана е на прва линија до морето и од терасите на апартманите се простира неверојатно убава глетка кон целиот залив.  Во оваа вила располагаме со четирикреветен апартман на прв спрат со тераса  која  има директен поглед на море. Апартманот има квалитетен мебел и солидно опремена кујна (електричен шпорет со рерна и фрижидер со одделна комора за замрзнување), телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор на платформа опремен со маси и столчиња и простор за скара. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. До вилата има простор за паркинг. Напомена: Во апартманот дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 6 години.

 

Вила „Vrahos” - Каламитси

Термин:

Ноќевања:

1/4 апартман I спрат

20.05-30.05.2020

10

250 (15.550 ден.)

30.05-09.06.2020

10

350 € (21.700 ден.)

09.06-19.06.2020

10

450 (27.900 ден.)

19.06-29.06.2020

10

550 (34.100 ден.)

29.06-09.07.2020

10

680 (42.160 ден.)

09.07-19.07.2020

10

780 (48.360 ден.)

19.07-29.07.2020

10

780 (48.360 ден.)

29.07-08.08.2020

10

780 (48.360 ден.)

08.08-18.08.2020

10

780 (48.360 ден.)

18.08-28.08.2020

10

680 (42.160 ден.)

28.08-07.09.2020

10

550 (34.100 ден.)

07.09-17.09.2020

10

450 (27.900 ден.)

17.09-27.09.2020

10

350 (21.700 ден.)


- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10  ноќевања без вклучен превоз

- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра