ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Авионски програми - Азурен брег
Азурен брег

8ми Март

Авионска програма

АЗУРЕН БРЕГ

5 дена /4 ноќи 

Цена за уплата до 20 Декември – 399  (24.740 ден)
Цена за уплата до 20 Јануари  – 439  (27.220 ден)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  – 479 евра (29.700 ден)

 

24.03.2020  СКОПЈЕ - СОФИЈА – НИЦА
Поаѓање од Скопје пред Хотел ВИП во 22:00 часот кон аеродромот во Софија.Пристигнување во Софија во 04:00 часот по локално време.Лет од Софија во 06:00 часот.Пристигнување во Ница во 07:20 часот.Трансфер од аеродромот во Ница до хотелот.Панорамски (пешачки) разглед на Ница со локален водич .Запознавање со Ница - кралицата на Азурната обала,препознатлива по познатите хотели,прекрасните палати,казината и долгите плажи): стариот град,најатрактивниот пазар на цвеќињата,најголемиот плоштад во Масена и шеталиштето Променаде Де-Англ (прочуеното Англиско шеталиште, долго 5 км, место на кое Ница му должи за својата слава и популарност.Оваа феноменална препознатлива авенија го зафаќа целиот залив на Ница. Авенијата ја изградил англичанец, Луис Веј, кој сам ја финансирал изградбата во 1820 година.Населението во Ница оваа улица ја нарекувале Приморска улица,за потоа англискиот војвода,синот на кралицата Викторија да ја промовира како Англиско шеталиште).Најпознатата градба на шеталиштето е Гранд Хотел Негреско 5* изграден во 1912 година. Разглед на Плоштадот Масена (од каде започнуваат сите големи булевари,кој многу потсетува на северноиталијанските градови и каде се одржува карневал), Градската куќа (Hotel de Ville)...Сместување во хотел.Слободно време за индивидуални активности. Откријте и сами зошто овој град е толку посетуван и секогаш магнетски привлекува безброј туристи. Ноќевање.

25.03.2020 НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – НИЦА
Појадок.Слободен ден за индивидуални активности и прошетки или предлагаме факултативна посета со железница на Монако – втората најмала независна држава после Ватикан, кој се наоѓа на брегот на Средоземното Море со вкупна површина од само 2 квадратни километри и претставува уставна монархија и кнежевство.
Монако е името на државата и на единствениот град во државата.Бидете дел од оваа луксузна бајка,прошетајте низ самата патека каде што се одржува најпознатата трка Формула 1 за Гран При.Можност да ја видете Палатата на принцот на Монако и официјалната резиденција на монархот,Музејот Наполеон,Катедралата на Монако, казиното..Посета на Монте Карло – омиленото место на многу славни ликови.Претставува административна област на Кнежевството Монако.Овој град е домаќин на најголемотот европско финале во покер, бројни боксерки мечеви и многубројни модни гламурозни случувања.Можност за посета на океанографскиот институт,кралската палата,градското собрание и стариот град.А за оние што сакаат возбудливост,адреналин и ризик – можност барем еднаш да влезете во најпознатото казино во светот – Казиното Монте Карло. Слободно време за индивидуални активности прошетки и шопинг.Враќање со железница во договореното време во хотелот.Ноќевање.

26.03.2020 НИЦА – АНТИБ - КАН – НИЦА
Појадок.Факултативна посета со железница на Антиб и Кан. Антиб – прошетка низ градот кој претставува бисер на Медитеранот и едно од најстарите утврдувања на Азурната обала.Во градот доминира тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа познатата ексклузивна марина.Овде се наоѓа и музејсо една од најдобрите колекции на Пабло Пикасо.
Продолжуваме кон Кан – прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон,Мартинез, Мажестик,Филмската палата,Марината.Посета на стариот дел на градот,тврдината и црквата Notre Dame De Esperance.Слободно време за индивидуални активности.Враќање во хотелот во Ница.Ноќевање.

27.03.2020 НИЦА – СЕНТ ПОЛ ДЕ ВЕНСЕ – ЕЗ – КАП ФЕРАТ-  НИЦА
Појадок.Факултативна посета со автобус до Сен Пол де Венс – општина во југоисточна Франција ,познат по неговите модерни современи уметнички музеи и галерии како што е Фондацијата Маехт.
Овој град веќе долго време претставува засолниште на славните, во Хотелот Ла Коломбе дор некогашни гости биле Жан Пол Сартр и Пабло Пикасо.Во текот на 1960 год селото го посетувале француските актери Ив Монтанд,Симоне Синорето и Лино Вентура.ж и поетот Жак Преверт.Сен Пол е познат и по уметниците што живееле таму – поранешниот басист на Ролинг Стоунс – Бил Вајман има дом таму.Американскиот писател Џејмс Болдвин починал таму во 1987 год,како и британскиот актер Доналд Плезанс починал во 1995 год.
Попатна посета на Фабриката за парфеми Фрагонард во Ез.
Разгледот продолжува кон Cap Ferrat - на само неколку километри од Ница и Монако,Кан.Има вкупно 5 полуострови на Азурен Брег – од кои Cap Ferrat е најубавиот,најголемиот и најскапиот полуостров не само во Франција туку и во светот.Бисерот на француската ривиера,гламурозен и убав,неговиот неодолив шарм отсекогаш ги привлекувал богатите и славните,кои биле маѓепсани и привлечени од светлината, мирот,погледите на моретои калдрмоното крајбрежје на провансал и кобалтските води насекаде околу себе.Посебен белег му дава најпознатата Вила Ефруси де Ротчилд – наречена и Вила Иле де Франција е француска приморска вила која се наоѓа на Кап Ферат на француската ривиера.Вилата е дизајнирана од францускиот архитект Арон Месија и е изградена во периодот од 1905 до 1912 год од бароницата Бетрис де Ротшилд (1864-1934).Беатрис ја иградила својата вила во розева боја на Кап Ферат со поглед на Средозменото море.Бароницата ја наполнила палатата со антички мебел,слики,скулптури и широка колекција на редок порцелан.По нејзината смрт во 1934 год бароницата го донирала имотот и нејзините колекции на уметничката академија на франуцскиот институт и сега е отворена за јавноста.Враќање во хотелот во Ница.Ноќевање.

28.03.2020 НИЦА – СОФИЈА - СКОПЈЕ
Појадок.Трансфер од хотел до аеродромот во Ница.Лет за Софија со WIZZAIR во 08:00 часот.Пристигнување во Софија во 11:10 часот.Превоз од аеродромот во Софија до Скопје со попатна посета на Софија Ринг Мол.Можност за шопинг и кафе пауза.Патот продолжува за Македонија.Пристигнување до Скопје во попладневните часови.
 
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на наведената релација Софија – Ница - Софија со WizzAir
- трансфер со автобус / минибус на релација Скопје – Софија - Скопје
- Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 см
- Трансфер од аеродром Ница до хотел во Ница со 3* и обратно;
- Сместување во хотел 3* на база 4 ноќевања со појадок во Ница;
- Организиран разглед во Ница со локален водич;
- Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси по лице се 2.500 денари
- Чекиран багаж / куфер до 10 кг 2.600 денари, 20 кг – 3.400 денари, 32 кг – 4.900 денари
- Факултативна посета на Антиб и Кан со локален водич - 60 €
- Факултативна посета на Монако и Монте Карло со локален водич - 55€
- Факултативна посета на Сент Пол де Венсе – Cap Ferrat – Ез со локален водич - 75€
- Туристичка такса во  Ница – 4 евра од ноќ по лице
- Влезница за Казино “Монте Карло” – 17 евра
- Влезница во Вила Ефруси де Ротчилд (Villa et Jardins Ephrussi de Rothschild) – 15 евра
- Влезници за локалитети
- Патничко осигурување
- Сите неспоменати трошоци

НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62,00мкд.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето