SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Прага

Прага можете да ја посетите во било кое време од годината, но божиќните празници го прават доживувањето потполно бидејќи овој средновековен град може да се пофали со најубавите божиќни саеми... Во Дрезден звуците на оргуљите се мешаат со свечените звуци на уличните оркестри... А доколку сеуште не сте ја посетиле Братислава, тогаш декември е вистинското време за тоа!

  

Прв ден: 07.12.2022 година (среда)

10.30 часотЗаминување на групата од Кавадарци и во 12.00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон ЧешкаДневно и ноќно возење преку Србија и Унгарија со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 08.12.2022 година (четврток)

Пристигнување во Прага околу пладне.Организиран разглед на градот со локален водич.Градот е поделен на неколку целини: Стар град, Нов град, Храдчани и Мала страна. Од 1992 година стариот дел на Прага е на листата на УНЕСКО како светско културно богатство. Обиколка на Катедралата Св.Вида, Базиликата Св.Ѓорѓи, Карловиот Мост, Плоштадот на Малтешките витези, Еврејската четврт со најстарата синагога во Европа, Тинската Црква, Стариот Плоштад со прочуениот астрономски часовник Орлој... Потоа сместување на групата во хотел „Olimpik“4****(www.olympik.cz). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Ноќевање.

Трети ден: 09.12.2022 година (петок)

Појадок. Заминување на групата кон Дрезден, четвртиот по големина град во Германија кој заради впечатливата архитектура го нарекуваат Фиренца на Елба. Разгледување на барокните згради, Семперовата опера, Брухловата тераса, Богородичната црква, Најдолгиот мурален мозаик на светот, Дрезденскиот Замок, Стариот плоштад, Палатата Цвингер во која има пет музеја, Протестанската црква-Frauenkirche, Римокатоличката црква- Hofkirche, Резиденцијалната Палата или денешниот Државен Музеј во кој се чува Зелениот трезор... Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Попладнето враќање во хотелот во Прага. Ноќевање.

Четврти ден: 10.12.2022 година (сабота)

Појадок. Денот е резервиран за уживање во еден од најубавите божиќни маркети. Ве оставаме на стариот градски плоштад каде ќе можете да шетате по улиците низ кои се испреплетуваат одлично сочувани градби од периодот на готиката, романтизмоти ренесансата, а божиќното дрвце, автентичните украси и орнаменти само ќе ја надополнат оригиналната фотографија за спомен. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.

Петти ден: 11.12.2022 година (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Братислава. По пристигнувањето, организиран разглед на градот со локален туристички водич. Посета на двата главни плоштади Хлавне и Фрањевачкиот Плоштад каде на секој чекор се чувствува мирисот и духот на Божиќните празници. Всушност, градот во ниеден друг период од годината, освен за време на Божиќните празници не е толку полн со туристи и богато украсен. По организираниот разглед слободно време за индивидуални прошетки, а потоа го продолжуваме патувањето кон Македонија. Пристигнување во понеделник на 12.12.2022 во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........249 евра (15.440 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

  

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Три ноќевања со појадок во хотел „Olimpik“4**** во Прага

- Организирана посета на Дрезден и Братислава

- Локален туристички водич за разглед на Прага, Дрезден и Братислава

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Доплата за еднокреветна соба – 55 евра (за трите ноќевања)

- Туристичка такса во Прага (се плаќа во агенцијата) – 400 денари за трите вечери

- Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 15. Ноември 2022