ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2020 - ЕГИПЕТ
Авионски програми - Фиренца & Сиена & Пиза
Фиренца & Сиена & Пиза
8ми Март
Авионска програма

ФИРЕНЦА,СИЕНА,ПИЗА

4 дена /3 ноќи 
Цена за уплата до 20 Декември – 289  (17.920 ден)
Цена за уплата до 20 Јануари  – 319  (19.780 ден)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  – 349 евра (21.640 ден)
 
01.03.2020 (Недела) СКОПЈЕ - ФИРЕНЦА
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 10:30 часот. Полетување за Венеција (Тревизо) во 12:10 и слетување во 14:00 часот. Трансфер до Фиренца (околу 3 часа) и сместување во хотелот. Прошетка низ Фиренца – лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Ноќевање.

02.03.2020 (Понеделник) ФИРЕНЦА – ПИЗА
Појадок. Разглед на главниот град на Тоскана: Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити... Препорачуваме посета на Пиза во попладневните часови. Пристигнување во Пиза и прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија со Катедралата, Крстилницата и познатиот симбол – Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Фиренца во вечерните часови. Ноќевање.

 03.03.2020 (Вторник) ФИРЕНЦА – СИЕНА
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација... Прошетка низ преубавите предели на Тоскана, налик на позадина на ренесансните слики. Можност за посета на традиционален вински подрум и дегустација на познатите вина Кјанти. Враќање во хотел во вечерните часови. Можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.

04.03.2020 (Среда) ФИРЕНЦА – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во Тревизо. Полетување за Скопје во 14:30 и слетување во 16:15 часот.
 
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Венеција (Тревизо)-Скопје
- Рачен багаж (1 торба/куфер до 8 кг со димензии 40х30х20см)
 - Аеродромски такси
- Организиран трансфер од Аеродромот до Хотелот и обратно
- Сместување во Хотел 3* во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок
- Разгледување на Фиренца според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за багаж до 10 кг - 2.100 денари,до 20 кг – 2900 ден, до 32 кг – 3.600 ден
- Посета на Сиена (превоз и локален водич) 45 евра
- Возна карта за Пиза 20 евра
- Туристичка такса 4 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување 175 денари

НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.