SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Венеција

 

29.12.2022 – 02.01.2023  / 5 дена / 2 ноќевања

 

1 ден (29.12.2022 - четврток) – СТРУМИЦА- СКОПЈЕ ВЕНЕЦИЈА   

Состанок на групата во Скопје. Поаѓање за Венеција. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

 

2 ден (30.12.2022 - петок) ТРСТ – ВИЧЕНЦА

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. По шопингот се упатуваме кон Виченца и смстување во хотел, време за одмор и прошетка низ градот кој се наоѓа во Северна Италија и  e 4ти град по големина во Покраината Венето. Во Виченца на плоштадот Пјаца дел Сињори се наоѓа Базилика Паладиана, голема средновековна градска сала...Театро Оломпико е веројатно најстариот покриен театар во т.н. модерна епоха и еден од трите ренесансни театри...Палатата Кјерикати...Вила Валмарана...Плоштадот Кастело...индивидуално враќање  назад до Хотел. Ноќевање.

 

3 ден ( 31.12.2022 –сабота) ВИЧЕНЦА – ВЕРОНА  –  ВИЧЕНЦА

Појадок во хотел. Заминување од хотелот. Заминување во посета на Верона. Разглед на Верона  - градот на Ромео и Јулија. Панорамско разгледување на градот со автобус, потоа се упатуваме во пешачки разглед на градот и првин го гледаме Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век и собирал 30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, потоа се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини, каде ги имате најголете брендови од модната индустрија и се упатуваме кон  плоштадите Ербе и  Данте. Следна дестинација ни е куќата на Јулија, каде ги гледате споменикот на Јулија и терасата. Слободно време за индивидуални разгледи на Верона. Патување назад кон Виченца. Одмор до вечерниот дочек на Нова Година на плоштад во градот ... Ноќевање. 

 

4 ден (11.03.2018 – недела) ВИЧЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА – СЛОВЕНИЈА

Појадок во хотел. Трансфер до северниот дел на Венеција преку лагуната. Пешачки разглед со локален водич на градот: Програмата ја започнуваме од северниот дел на Венеција од Пјијацале Рома...Со поминување на првиoт  мост  острови и дан (Ponte degli Scalci - камен мост) на Гранд Канале, влегуваме во еден посебен свет, во град  составен од 1000 мостови...каде сообраќајот се одвива по малите канали и по најголемот канал Гранде...Се упатуваме пешачка тура по тесните венецијански улици, полни со бутици за облека и сувенири кон мостот Понте Риалто...Прокуратите и централниот плоштад Св. Марко, а овде ќе ја видете и прекрасната црква Св.Марко  и Кулата,...се упатуваме кон Дуждевата палата...завршуваме до Мостот на воздишките...Слободно време за индивидуални прошетки и враќање во договорено време со групата  назад до Пиазале Рома, каде не чека автобусот.Патување назад кон Македонија.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори.

 

5 ден  (12.03.2018понеделник)  ,   СРБИЈА – СКОПЈЕ

Пристигнување во Македонија  во претпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2022  – 159 € (9.858 ден.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 € (7.998 ден.)

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:               
- Превоз со туристички автобус на наведената релација,
- Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Виченца на база 2 ноќевања со појадок,

- Придружник од агенцијата за време на целото патување,
- Организација и реализација на аранжманот на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

- Пешачки разглед на Венеција локален туристички водич и превоз (15 €) – задолжителна доплата во агенција,
- Факултативна посета на Верона  (15 €)– минимум 30 патника за реализација

- Свечена вечера во ресторан во Виченца (40 €),

- Туристичка такса – 3 евра за цел престој по лице (се плаќа во агенција)

- Патничко осигурување

- Влезници за музеите и културно-историските споменици,

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ