Белград

 

30.12.2023 (Сабота)

Состанок со групата (дополнително време) поаѓање за Белград. Патот води преку граничен премин Табановце.

Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

31.12.2023 (Недела)

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије,

Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот

и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и

активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до

центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи,

кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

01.01.2024 (Понеделник)

Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска

Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина

(панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта

организиран превоз до центарот на градот само за патниците кои што се сместени во Вила Вертиго, ( патниците

кои што се сместени во хотел Србија самостојно може да се организираат бидејќи центарот е на 3 км од хотелот)

за постновогодишни прошетки или забави. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

02.01.2024 (Вторник )

Појадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во

центарот на Белград за индивидуални активности.. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

Пристигнување во вечерните часови.

Цена по лице за Хотел Србија  - 169 еур

Цена по лице за Вила Вертиго – 139 еур

 

Што е вклучено во цената

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во избраниот хотел во Белград
  • Посета на трговскиот центар “Ушче”

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување 200 мкд
  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 15 евра – пријавување во агенција, плаќање во автобус.
  • Влезници во културно/историски споменици

Важно

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
  • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За еднокреветнасоба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на

аранжманот

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената

превозот или хотелот

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во

целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот

  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена

на цената на влезниците на локалитетите и музеите

  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на

јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на

непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот,

затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ