SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Венеција

ПРОГРАМА 

30.декември (петок) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:10 часот. Лет за Венеција W6 7751 во 13:10ч. Пристигнување на аеродромот Марко Поло во 15:00ч. Превоз до центарот на Местре (околина на Венеција). Сместување во хотел... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност со придружникот на групата вечерна посета на Венеција со јавен превоз. Ноќевање.

31.декември (сабота) МУРАНО-БУРАНО-ТОРЧЕЛО
Појадок. Факултативна посета на трите најпознати острови во Лагуната на Венеција (Мурано, Бурано и Торчело). Лагуната брои вкупно 120 острови од кои само 11 се населени, од кои овие три не треба да ги пропуштите. Мурано е трет по големина и иако поседува многу знаменитости најпознат е по изработка на Мурано стаклото од кое призведуваат накит, прозорци, лустери, огледала, чинии, вазни... Музејот на стаклото е сместен во палатата Јустинијан на самиот остров... Во 13в Мурано било летувалаште на познатите аристократи кои изградиле прекрасни вили со богати градини и овоштарници. Главниот приход на Бурано во минатото бил риболовот. Мажите претежно се занимавале со риболов, додека жените биле посветени на обработка и везење на чипка која до ден денеска се изработува. Бурано е познат по шарените куќи кои го обиколуваат целиот остров секоја со различна боја од претходната, за да рибарите кои се враќале од риболов во темните ноќи можеле да си ја препознаат својата куќа. Торчело е најстариот населен остров, познатата црква Санта Марија Асунта располага со импресивни мозаици. Нејзината камбанарија нуди незаборавен поглед на лаугната. Во Торчело се наоѓа познатиот хотел и ресторан Локанда Ципријани каде што често престојувал Ернест Хемингвеј. Враќање во Венеција, па потоа во Местре. Ноќевање.

01.јануари (недела) ВЕНЕЦИЈА
Појадок. После појадокот организиран панорамски разглед со локален водич на Венеција. Пристигнување со јавен превоз до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко , Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Во слободното време препорачуваме посета на ѕвоникот на Сан Џорџио Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. Посетете го музејот на црквата Св.Марко од каде што имате уште еден преубав поглед од балконот на црквата на целиот плоштад пред вас. Кај мостот Ријалто дозволете си пауза за ручек во еден од многубројните ресторани уживајќи во вкусната италијанска кујна... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање.

02.јануари (понеделник) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за индивидуални прошетки. Попладне трансфер до аеродромот Марко Поло. Лет за Скопје W6 7752 во 15:35ч. Пристигнување во Скопје во 17:15 часот.

Цена на аранжманот: 389 € (24.118,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Венеција - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
- Сместување во хотел *** во Местре, на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот Венеција со локален водич (доплата за јавен превоз Местре-Венеција-Местре)
- Рачна торба торба (20x40x30cm), максимум 8кг.
- Oрганизирани трансфери во Венеција: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување 140мкд или 200мкд со Ковид покритие
- Факултативен разглед на Мурано, Бурано и Торчело 40€ (превоз и локален водич)
- Туристичка такса: Хотел 3* - 2€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
- Билети за јавен превоз со автобус или железница
- Влезници за културно-историските споменици

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ