ЛЕТО 2021 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2021 - ТУРЦИЈА
Автобуски Програми - Истанбул 08.10 - 12.10
Истанбул 08.10 - 12.10

ИСТАНБУЛ АВТОБУСКА ПРОГРАМА

08.10 – 12.10 (2 ноќевања)

 

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја и шопинг ...

Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители .

 (08.10.2021 – петок) | Скопје - Струмица - Грција

Состанок со групата во Скопје. Поаѓање кон Истанбул. Ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (09.10.2021 - сабота) | Истанбул (Панорамски разглед, Топ Капи, Капали Чаршија,Ускудар )

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Факултативен панорамски разглед на европскиот дел на Истанбул: Римскиот Аквадукт, Златниот Рог, Таксим, Галата Кула, Бешикташ, Ортакој. Сместување во хотел. Посета на Топ Капи палатата (факултативно – со доплата) - музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, чиј изглед датира уште од времето на Сулејман Величествениот. На враќање можност за посета на Капали Чаршија. Следи факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар - Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

3 ден (10.10.2021–недела) | Истанбул (Сина Џамија, Аја Софија, Крстарење по Босфор)

Појадок во хотел. Пешачки разглед со локален водич и посета на Сината џамија (бесплатен влез – доколку е отворена за посетители) и Аја Софија. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови факултативно ќе крстариме по Босфор, со панорамски разглед на мостовите кои го поврзуваат Европскиот и Азискиот дел на Истанбул, во времетраење од 1.5 до 2 часа. Посета на Египетскиот пазар и можност за шопинг од околу 1 час. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4 ден (11.10.2021- понеделник) | Истанбул (Долмабахче, Сафир Сеир Тераси, Трговски центар Форум)

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Предвидена организирана факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната палата на Отоманските Султани, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство (факултативно – со доплата). Се упатуваме кон брегот на босфорскиот канал каде што Заминуваме кон највисоката зграда во Европа (236 m) - Sapphire Seyir Terasi, каде ќе уживате во панорамскиот поглед на Истанбул од врвот на истата, при што како шлаг на целото патување ќе имате можност за четиридимензионално небесно возење со хелихоптер (факултативно со доплата) над градот и најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Посета на трговскиот центар Форум и слободно време за шопинг. Во договорено време (доцни попладневни часови) тргнување кон Македонија. Ноќно возење преку Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

5 ден (12.10.2021- вторник) | Струмица - Скопје

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови во Скопје.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 79 € (4.898 мкд)

 

Во цената на аранжманот е вклучено :

Превоз со туристички автобус на наведената релација;

Сместување во двокреветни соби во хотел  во Истанбул - 2 ноќевања со појадок;

Посета на Сина Џамија;

Посета на Аја Софија;

Посета на трговскиот центар Форум;

Професионален туристички придружник од агенцијата;

Организација и реализација на програмата;

  

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Панорамски разглед на Истанбул - Европски и Азиски дел со локален водич и автобус - 20€;

Крстарење по Босфор - 20 €;

Посета на Топ Капи (влезница + локален водич) - 30 €;

Посета Долма Бахче Сарај - (превоз со автобус + влезница + локален водич) - 30 €;

Посета на Saphire Seyir Terasi - (влезница за 4D + локален водич + превоз со автобус) - 20 €;

Патничко осигурување ( задолжиелно); 

 

 

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА - 110 €

Уплата на факултативи на лице место:

  • Панорамски разглед на Истанбул - Европски и Азиски дел со локален водич и автобус - 25 €;
  • Крстарење по Босфор - 25 €;
  • Посета на Топ Капи (влезница + локален водич) - 35€;
  • Посета Долма Бахче Сарај - (превоз со автобус + влезница + локален водич) - 35 €;
  • Посета на Saphire Seyir Terasi - (влезница за 4D + локален водич + превоз со автобус) - 25 € 

 

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ЗА УПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО - 135 €

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 11.04.2022 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

 

За оваа програма важат Општите услови на патување на СКТМ

 

 

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ

ИСТАНБУЛ

  • Аја Софија
    Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинијан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните византиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул и препорачливо е посетата на истиот да почне рано изутрина бидејќи во текот на денот после 10 часот почнуваат долгите редици од туристи; 
  • Топ Капи
    При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во џамија. Ова палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани со векови живееле, вистински град во град.Комплексот е огромен, гужвите за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството ( раката на Св. Јован Крстител) се големи, тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци  меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Во палатата се чувствува автентичниот дух на Османлиската Имерија. Редицата за билети е прилично долга, но има многу билетарници, и кога е групно организирано, редицата оди многу бргу.
  • Долма Бахче Сарај
    Долма Бахче Палатата е отворена секој ден освен Понеделник и Четврток од 09:00 - 17:00. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средината на 19 век. Се во палатата зрачи со луксуз поради исклучително вредните и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик - дел за мажите и Харем - делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Палатата располага со непроценливо богатство;
  • Крстарење по Босфор
    Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот, теснецот кој ги дели Азија и Европа. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под двата моста кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел. Прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул;
  • Сафир Сеир Тераси
    Сафир Сеир Тераси е највисоката зграда во Европа од 236 метри. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар каде што можете да најдете повеќе познати брендови (H&M, Cotton, LC Waikikи итн.) На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4Д проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер и можност и шанси да го почувствуваат сјајот на Босфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, ппоштадот Таксим, Истаклал Улицата. Сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси; 
  • Сината џамија
    Султанахмет џамијата е историска џамија во Истанбул, која исто така е наречена и Сината џамија поради сините плочки околу ѕидовите и внатрешниот дизајн на џамијата. Покрај се, уште е активна како џамија, така што за туристите е затворена по 5 пати дневно половина час за време на молитвите и е доста популарна туристичка атракција;
  • Капали Чаршија
    Капали Чаршија во Истанбул е еден од најголемите и најстарите затворени пазари во светот со 61 покриени улици и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25000 до 400000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види како значаен локалитет во Истанбул.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА

  1. Ве информираме дека при влез во Р. Турција, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:
  • Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
  • Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со Вас, или
  • Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете го со Вас.
  1. Почнувајќи од 15 март 2021 година, патниците кои патуваат за Турција се должни да пополнат „Електронски формулар“ во последните 72 часа пред нивното патување на следниот линк:  https://register.health.gov.tr

 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.